CANPOL Розева некапечка чаша со цевка (12+ месеци), 350 мл

Canpol babies Sports bottle with silicone straw Butterfly 350 ml 56_515 sise bebe dete nekapecka casa so cevka
CANPOL Розева некапечка чаша со цевка (12+ месеци), 350 мл
329,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
050839C
favorite_border

Опис на производот

  • Некапечка чаша спорт со силиконска цевка 
  • ***BPA FREE (Не содржи Бисфенол А)
  • Наменета за деца од 12+ месеци

Сликата од производот, односно бојата на производот е од информативен карактер и може да варира.

Пакување: 350 мл

 

Содржина

Состав: полипропилен, полиетилен, силикон.

Начин на употреба: По секоја употреба, исчистете ја чашата и цевката од остатоци од течности и исплакнете темелно. Чашата може да се пере во машина за миење садови, но не се препорачува цевката да се става во машина за миење садови. Тврдите хемикалии/детергенти може да ја уништат чашата. Чашата може да се користи во микро печка. При затоплување на пијалоци во микро печка, оставете ја чашата отворена, но бидете особено внимателни. Чашата не е наменета за употреба со топли или газирани пијалоци

Начин на одржување: Одржувајте ја чашата чиста. Пред првата и по секоја употреба измијте ги сите делови во топла вода со благ детергент, а потоа исплакнете ги темелно. Да не се вријат. Густата храна, на пример, храна со парченца овошје, може да ја затне цевката од кое детето пие.

За здравје и безбедност на вашето дете:

Предупредување: секогаш користете го овој производ под надзор на возрасни. Континуираното и продолжено цицање на течности може да предизвика расипување на забите. Секогаш проверувајте ја температурата на течноста пред да го храните детето. Внимателно проверете пред секоја употреба. Фрлете при првите знаци на оштетување. Цевката не е погодна за деца помали од 6 месеци. Производот не е играчка. Чувајте ги сите компоненти подалеку од дофат на деца кога не се во употреба.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се