CATALYSIS Цикатрикс крем, 30 мл

CATALYSIS Цикатрикс крем, 30 мл
1.296,00 ден.
1.076,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
019145C
favorite_border

Опис на производот

CICATRIX е специјална крема, составена од природни состојки, кои делуваат на редукција на лузните уште во првата недела од третманот.

Активни состојки на CICATRIX® се Азиската Центела и Сребрениот Бор. Азиската Центела го зголемува и забрзува заздравувањето на лузните.

  • Од една страна, делува со врзување и инкорпорирање во колагенот на две амино киселини – аланин и пролин – неопходни во босинтезата на структурните протеини, со што го поттикнува формирањето на гранулационо ткиво
  • Од друга страна пак, ја поттикнува епителизацијата на самата рана, со стимулирање на биосинтезата на гликосаминогликанот, која помага во реконструкцијата на аморфниот матрикс

Спојот на Азиската Центела и Сребрениот Бор, две природни состојки, двете зајакнати по пат на молекуларна активација, е одговорен за огромната ефикасност на CICATRIX® и благодарение на тоа, резултатите се видливи по само три недели од третманот.

Што е лузна?

Лузните претставуваат финален резултат од процесот на заздаравување на раните. Новоформираното ткиво (ткиво на лузната) е послабо, помалку еластично, помалку васкуларизирано и малку попигментирано од здравото ткиво. Лузните може да имаат естетски и функционални ефекти на пациентот.

Што се стрии?

Стриите се појавуваат како резултат на пукање на еластичните влакна на кожата. При истегнување на кожата, доаѓа до пукање на еластичните влакна, при што се создават линии, наречени стрии. На почетокот, стриите имаат розеникава боја, за потоа да станат црвеникави и на крајот ја добиваат белата боја.

Кога се употребува CICATRIX®?

Се препорачува за лузни, настанати како последица од оперативен зафат, несреќен случај, изгореници, белези од акни и стрии.

Вид на лузна Време на третман
Операција  3 недели
Несреќа 3 недели
Изгореници 3 недели
Белези од акни 6 недели
Стрии 6 недели
Стари лузни 1 - 3 месеци

 

Пакување: 30 мл.

Содржина

Состав: вода, метилполисилоксан, церамид 3-церамид 6II-церамид 1-фитосфингосин- холестерол-натриум лауроил лактилат-ксантан гума, цетеарил алкохол, глицерин, PPG-11 стеарил етер, стеарет-2, азиска центела (Centella Asiatica), стеаринска киселина, феноксиетанол-етилхексиглицерин, парафин, стеарет-20, сребрен бор (Pinus Sylvestris), натриум хидроксид, натриум хијалуронат, карбомер, парфем (хидрокси цитронелал, кумарин, гераниол, линалол, хексил цинамал, Д-лимонене, дабов лишај (Evernia Prunastri).

Начин на употреба: 

Исчистете го и исушете го саканото место. Нанесете CICATRIX® и масирајте ја целната регија следејќи ги упатствата за употреба.

Нанесувајте најмалку двапати на ден, во тек на најмалку еден месец или се до целосното исчезнување на лузната.

МАСАЖА со CICATRIX®

Потребно е секое од следните девет движења треба да се повторат по 10 пати.

  1. Во насока на стрелките од часовникот
  2. Во спротивна насока од стрелките на часовникот
  3. Наизменични комбинирани движења од 1 и 2
  4. Цик–цак надолу
  5. Цик–цак нагоре
  6. Наизменични комбинирани движења од 4 и 5
  7. Со прстите се прават движења во насока на стрелките на часовникот во форма на  бројот
  8. Со прстите се прават движења во спротивна насока од стрелките на часовникот во форма на бројот - 8
  9. Наизменични комбинирани движења од 7 и 8

За крај на масажата, повторно нанесете тенок слој на CICATRIX® кремата. Со лесни движења, поминете го местото околу лузната. (Ваквите лесни движења создаваат вибрации, кои ја олеснуваат апсорпцијата на кремата).

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се