Да, секако. Нарачката ја плаќате електронски, а во адреса за достава ја пишувате адресата каде сакате да биде доставена нарачката. Секако но, покрај Вашиот телефонски број, треба да го наведете и името и телефонскиот број на примателот на нарачката, за да може да го исконтактираме. Доколку сакате да оставите порака од кого е нарачката, може да напишете во забелешка во делот кај што се процесира нарачката, односно пред да платите, имате поле за забелешка.
Доставата е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари, додека за нарачките под 1500 денари се плаќа достава од 150 денари.
Собирањето на бисерите е овозможено и при онлајн купување, со тоа што бројот на лојалната картичка треба да го внесете во делот „Мојата сметка“. Додека искористувањето на бисерите засега е овозможено само во аптеките.
Каталогот со производи од програмата за лојалност може да го погледнете на следниот линк.
Може да го користите полето за пребарување, каде го внесувате називот на производот или намената на производот, но многу поедноставно е да ги користите категориите и филтрите кои се понудени од наша страна, бидејќи таму се распоредени производите според нивната намена, според брендот, според типот на производ и сл.
Со бесплатна регистрација на нашата веб страна добивате можност да ги одберете Вашите омилени производи и да ги означите, и кога ќе сакате да ги купите само едноставно ги ставате во кошничка. Може и веднаш да ги ставате во кошничка каде може да стојат неограничен период (односно додека не се потроши залихата), а да ги купите кога сакате Вие. Исто така податоците за достава ги внесувате еднаш, и ако следен пат сакате да направите нарачка на истата адреса, немате потреба да внесувате одново податоци за достава. Со сето ова Вие заштедувате доста време кое денес на сите ни е драгоцено. Исто така како регистриран корисник, може да оставите оценка и мислење за производите и со тоа да помогнете на некој друг на кого Вашето мислење може ќе му биде пресудно при купување на некој производ.
Да, секако. Мора да се регистрирате во делот „Мојата сметка“ за да направите нарачка. Таму ги пишувате податоците за достава без кои не би можеле да ја извршиме доставата.
Не, нарачката мора да ја направите на нашата веб страна, бидејќи и плаќањето е исклучиво електронски.
Не, оние производи кои се регистрирани како лекови во Централен Регистар на Македонија, не смеат да се продаваат онлајн. Но на нашата веб страна може да најдете многу ОТЦ производи, додатоци на исхрана, гранични производи, традиционални и хербални лекови и сл.
Не, нарачката се плаќа исклучиво онлајн, електронски, со вашата картичка, при самото нарачување. Плаќањето е сосема безбедно, при тоа ние како компанија не ги собираме податоците од Вашата картичка, бидејќи авторизацискиот процес на виртуелниот ПОС терминал се префрла на портал на процесинг центарот на НЛБ Банка, каде Вие ги внесувате потребните податоци за картичката, со цел спроведување на авторизирање на трансакцијата. Овие податоци ќе бидат собрани и обработени од страна на нашите доверливи добавувачи како трети страни (НЛБ Тутунска Банка), во согласност со условите и правилата на нивните политики за приватност и условите за користење.
Не, нарачката ја добивате на адресата која ја имате наведено за достава при процесот на нарачување.
Не, нарачката не може да се надополни откако ќе ја платите, но имате можност да направите повеќе нарачки во истиот или друг термин за достава.
Да, секако, може да порачате еден или колку сакате производи, цената на производот не е важна за да направите нарачка, но имајте во предвид дека доставата е бесплатна за сите нарачки над 1500 денари, додека за нарачките под 1500 денари се плаќа достава од 150 денари.
Терминот за достава го одбирате сами, при процесирање на нарачката, со тоа што во Скопје има избор на термин за достава од понеделник до петок 3 пати во текот на денот, и тоа од 10-13 часот, од 13-16 часот и од 18-21 часот, а во сабота 2 пати и тоа од од 13-16 часот и од 18-21 часот. Во останатите градови има 1 термин односно од 9-14 часот. Термините за достава може да ги погледнете тука.
Да, секако, но само доколку тоа го направите веднаш по правење на нарачката, односно максимум 1 час пред почеток на терминот за достава кој сте го одбрале. Тоа може да го направите на телефонскиот број 072 310 690 или на e-mail zeginonline@zegin.com.mk
Да, доставата се врши на територијата на целата држава, но во одредени села и градови доставата не е секој ден, туку во одредени денови, и при тоа, при избор на термин за достава имате опција да го одберете оној термин кој најмногу ви одговара.
Нарачката може да ја откажете максимум 1 час пред почеток на терминот за достава кој сте го одбрале. Тоа може да го направите на телефонскиот број 072 310 690 или на e-mail zeginonline@zegin.com.mk
Доколку производот е оштетен, треба веднаш да го пријавите на доставувачот при прием на производите, тој веднаш не известува нас, и го враќа производот назад, а во најкраток можен рок Ви носи нов производ. Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, неоштетен, може да се врати во рок од 15 дена од денот на нарачување, заедно со приложената фискална сметка и истиот да се замени со друг соодветен производ, со исклучок на производи кои се лесно расипливи. Повеќе околу политиката за рекламација може да прочитате тука.