CORINE de FARME Физиолошки раствор за нос и очи, 30 монодози

Опис на производот
Физиолошкиот раствор се препорачува за измивање на носните шуплини и секојдневно плакнење на очите, за чистење на очите и носот кај доенчиња, деца и возрасни.
Пакување: 30 монодози по 5 мл
Содржина
Состав: Натриум Хлорид 0,9 г, прочистена вода gsp 100 мл.
Начин на употреба: скршете го и свиткајте го горниот дел од еднодозното шишенце.
За чистење на носните патишта: легнете го бебето на грб со главата свртена на страна. Ставете го врвот на шишенцето на крајот од ноздрата и нежно притиснете. Избришете го остатокот од растворот што излегува од носот.
За чистење на очите: капнете неколку капки од растворот на стерилна вата и чистете ги очите кон надвор. Употребете различна вата за другото око.
Мерки на претпазливост: Производот е наменет за еднократна употреба.
Само за надворешна употреба.
Не се инјектира.
Не го употребувајте истото шишенце за чистење на носот и очите.
Не користете оштетено или отворено шишенце поради ризик од бактериска контаминација и намалена ефективност.
Не користете едно шишенце на повеќе од едно лице.