Црвенило во пределот на пелената и нега на бебешка кожа со маст Бепантен за бебиња
И покрај тоа што пеленскиот осип е непријатна појава за вас и вашето бебе, тој е многу чест и со правилна грижа можеме лесно да го намалиме.
Што е пеленски осип?
Тоа е воспаление на кожата предизвикано од оштетување на кожата при присуство на урина и измет во пелената.
Во првата година од животот, дури 50% од доенчињата имаат лесна форма на пеленски осип, 20% умерена форма и 5% тешка форма. Ова обично се случува на возраст од 3 до 12 недели, а најчесто е помеѓу 9 и 12 месеци.
Симптомите на пеленскиот осип вклучуваат:
- Црвенило, рани, оток или мозолчиња на газето, препоните и гениталиите на бебето
- Зафатената кожа може да биде жешка на допир
- Однесувањето на детето е малку понемирно – почнува да плаче кога го допирате или додека го миете, а често се буди навечер поради непријатност
Кои се причини за пеленски осип кај доенчиња?
Причините за пеленски осип кај доенчиња може да бидат:
- Незрела кожа на бебето
- Контакт на кожата со урина или измет
- Триење на пелената врз кожата
- Употреба на сапуни, детергенти и влажни марамчиња за чистење
- Слабо исушена или влажна кожа под пелената
- Употреба на масти со мириси и конзерванси
- Алергиска реакција на состојки во пелената
- Дијареа
- Употреба на антибиотици
Што е Бепантен маст?
Bepanthen® Baby е нежна маст со пантенол за нега на кожата во пределот на пелената. Таа е развиена специјално за да ја заштити чувствителната кожа на бебето од причините кои предизвикуваат црвенило во пределот на пелената. Bepanthen® Baby маст е толку нежна што може да се користи при секое менување пелени за нега на најчувствителната кожа.
Како делува Бепантен маст?
Ефектот го постигнува на два начина:
- Штити – создава проѕирен слој кој и овозможува на кожата да дише и помага да се заштити кожата на детето од триење и иритација
- Храни – поради високата концентрација на провитамин Б5, го поддржува процесот на регенерација на кожата, додека ја одржува мека, мазна и хидрирана