CURAPROX Сет Perio Plus Паста 75 мл + CS 5460 Ultra soft Четка за заби

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје
Опис на производот
CURAPROX Perio Plus+ Support пастата за заби содржи 0,09% хлорхексидин (CHX),CITROX®,230 ppm натриум флуорид и хијалуронска киселина. Хлорхексидинот го спречува создавањето на забни наслаги, додека CITROX® докажано го зголемува дејството на хлорхексидинот, со пријатен вкус е и не влијае на сетилото за вкус. Пастата за заби содржи и кополимер PVP/VA кој создава заштитен слој на слузокожата и забите. Не содржи содиум лаурил сулфат ЅLS (eng. SLS).
CITROX® е природен екстракт од девет биофлавоноиди од горкиот портокал. Биофлавоноидите имаат моќен и широк антибактериски ефект. Потполно е природен и без несакани ефекти. CITROX® во комбинација со хлорхексидинот овозможува поголема ефикасност отколку хлорхексинот поединечно.
Perio Plus+ Support пастата за заби е идеална за употреба заедно со било која Perio Plus+ течност за испирање на уста.
Наменета е за краткотрајна употреба до 4 недели.
Предности на производот:
- 0,09% CHX го спречува создавањето на забни наслаги
- CITROX® делува антибактериски
- 230 ppm натриум флуорид
- Хијалуронскта киселина ја забрзува регенерацијата на ткивата после орално хируршки интервенции
- Без ЅLS
Пакување: 75 мл
Curaprox CS 5460 Ultra Soft
Ефективно ги отстранува забните наслаги, дури и таму каде што започнува воспалението на непцата - на работ помеѓу забот и непцето.
Четка за заби за сите кои ги сакаат своите непца. Четката за заби CS 5460 "ultra soft" е исклучително мека и ефикасна при отстранување на забните наслаги, дури и од работ на непцето. Со нежно четкање, и употреба на минимален притисок, четката го задржува својот облик и цврстина, а благодарение на малата и компактна глава овозможува лесен пристап и до тешко достапните места во устата.
Пакување: 1 четка