МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Донација од Зегин за најмалите

Со цел побрзо и полесно справување со пандемијата од Ковид 19, компанијата Зегин денеска додели уште една донација за здравјето на граѓаните, овој пат на најмалите. 

Директорот на Зегин, господин Благој Механџиски денеска лично додели 4000 детски визири во општина Чаир, наменети за децата кои посетуваат настава во оваа Општина упатувајќи силна порака дека децата се нашата иднина и треба да се грижиме за нив. 

donacija zegin

Донацијата ја прими градоначалникот на Општина Чаир, господин Висар Ганиу, кој во знак на благодарност, на господинот Благој Механџиски му додели плакета од Мајка Тереза како симбол на хуманост и сплотеност, истакнувајќи ја важноста и соработката помеѓу сите учесници во оваа борба, вклучувајќи ги поединците, институциите и компаниите како Зегин кои се директни и активни учесници во справувањето со пандемијата