DOVES FARM Freee Оризово брашно без глутен, 1 кг

Опис на производот
- Безглутенско оризово брашно
Се користи во многу благи и солени јадења, пудинзи, бисквити и пецива и за згуснување на сосови
Нето-тежина: 1 кг
Прочитај повеќе
Предлог рецепти:
Ванила колачиња
- 75 г путер или вегански путер
- 75 г шеќер
- 1 лажица млеко или растително млеко
- 2 лажички екстракт од ванила
- 100 г оризово брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 4 лажици вода
Загрејте ја рерната на 190ºС. Обложете го плехот со хартија за печење. Со миксер изматете ги путерот и шеќерот. Додадете ги млекото и екстрактот од ванила. Во садот просејте го брашното и прашокот за пециво и се измешајте.
Додадете ја и водата за да добиете меко тесто. Од смесата формирајте 30 топчиња и ставете ги на плехот за печење. Притиснете ги малку за да се сплескаат и печете ги во претходно загреана рерна 20-22 минути.
Бел сос
- 50 г путер или вегански путер
- 50 г оризово брашно
- 425 мл млеко или растително млеко
- Сол и црн бибер
Во тава на средна температура загрејте го путерот, брашното и млекото, постојано мешајќи. Мешајте се додека сосот не згусне и почне да врие. Додадете зачини по вкус.
Содржина
Состојки: бел ориз, кафен ориз.
Нутритивни информации (на 100г):
Енергетска вредност | 1504 kJ/354 kcal |
Масти од кои заситени |
2.0 г 0.5 г |
Јаглехидрати од кои шеќери |
75.2 г 0.3 г |
Влакна | 2.6 г |
Протеини | 7.8 г |
Сол | 0.03 г |
Информации за алергени: производот не содржи глутен.
Да се чува во добро затворено пакување на ладно и суво место.