DR. HAUSCHKA Крем за чистење, 50 мл

Опис на производот
Кремот за чистење не содржи тензиди, длабински ги чисти порите, има нежно ексфолијантно дејство, зајакнува и освежува, ревитализира и овозможува чист тен. Содржи мелен сладок бадем, масло од бадем, масло од пченични никулци и лековити билки кои нежно чистат воедно негувајќи ја кожата.
За сите типови кожа.
Пакување: 50 мл
Содржина
Состав: вода, брашно од сладок бадем, екстракт од цветови од невен, екстракт од детелина камењарка, природен алкохол, масло од кикирики, екстракт од цветови од камилица, екстракт од лист и цвет од кантарион, масло од сончоглед, екстракт од хамамелис, масло од пченични никулци, масло од сладок бадем, природен мирис (етерични масла)*, цитронелол*, гераниол*, екстракт од ацерола, ксантан гума, лецитин, алгин.
*Состојки на природни етерични масла.
Употреба: користете го кремот за чистење два пати дневно, наутро (за да ги отстраните метаболитите излачени во текот на ноќта) и навечер после чистење со млекото за чистење:
- Навлажнете го лицето со топла вода (кај сува кожа со млака вода) која ќе ги отвори порите и ќе ја омекне кожата. Вклучете го вратот, деколтето, и ушните ресички.
- Истиснете на дланката 1-1.5 цм од кремот за чистење, помешајте со малку вода и протријте помеѓу дланките за да добиете кремаста емулзија.
- Нанесете го кремот за чистење на лицето со нежно втапкување во три фази: чело, образи и брада. Почнете полека да го втапкувате кремот за чистење од челото кон брадата, од средината на лицето кон надвор, применувајќи притисок со дланките за да се создаде вакум ефект и нечистотијата да се извлече на површината. Избегнувајте го подрачјето околу очите. Немојте да ја триете кожата: овој крем не е пилинг! Навлажнете ги дланките и повторете ја постапката. Ако имате масна и нечиста кожа оваа постапка се повторува 3-5 пати.
- Исплакнете го лицето темелно со млака вода и на крај завршете со ладна вода.