DR. MELAXIN Nexcksphalt Серум за затегнување и зацврстување на кожата на вратот, 10 ампули

Опис на производот
Dr. Melaxin Nexcksphalt ECM Neck Barrier Ampoule Серум за затегнување и зацврстување на кожата на вратот
Функционална ампула за нега на брчките на вратот, која помага за подобрување на нивниот изглед преку зајакнување на еластичноста на кожата во областите на вратот и лицето каде што лесно се појавуваат брчките.
- Овој хипоалергенски серум е специјално формулиран за затегнување, зацврстување и подмладување на деликатната кожа на вратот
- Истовремено овозможува длабинска хидратација и еластичност, овозможувајќи посјаен и подмладен изглед
- Лесната, но моќна формула брзо се апсорбира, обезбедувајќи длабинска нега и anti-age ефект
- До 142.71% подобрување во подигнување на кожата на вратот
- До 126.02% зголемување на еластичноста на кожата во областа на вратот
- Ја враќа еластичноста и ги намалува брчките на вратот
Клучни состојки и нивно дејство:
- ECM-5 (20.000 ppm) – Патентирана состојка дизајнирана за враќање на еластичноста и намалување на брчките на вратот
- Liposomed Peptide 4 (Липозомски пептиден комплекс) – Стимулира регенерација на клетките, има anti-age ефект, ги намалува брчките и спречува појава на нови
- Niacinamide – Облик на витамин Б3 што ја подобрува еластичноста на кожата, ја зајакнува кожната бариера и го изедначува тенот
- Hyaluronic Acid и Sodium Hyaluronate (Хијалуронска киселина и натриум хијалуронат) – Хидратантни агенси кои привлекуваат и задржуваат влажност, одржувајќи ја кожата хидрирана и мека
Типови на кожа: погоден за сите типови кожа, особено за зрела кожа.
Пакување: 10 ампули х 1,5 мл.
Содржина
Состав: прочистена вода, глицерин, пропанедиол, дипропилен гликол, ниацинамид, бутилен гликол, 1.2-хександиол, целулозна гума, хидроксиацетофенон, глицерет-25 pca изостеарат, морска вода, етилхексилглицерин, аденозин, лимонска киселина, тринатриум етилендиамин дисукцинат, мирис, хијалуронска киселина, хидролизирана хијалуронска киселина, натриум хијалуронат, хидролизиран еластин, натриум цитрат, екстракт од лист од алое вера, екстракт од корен од сладок компир, екстракт од плод на бамја, екстракт од слез, аланин, глутаминска киселина, глицин, серин, треонин, pca, жолта боја 4, каприлик/каприк триглицерид, црвенабоја 227, хидрогенизиран лецитин, полиглицерил-10 олеат, хидрогенизиран полиизобутен, натриум аскорбил фосфат, динатриум ЕДТА, бакар трипептид-1, палмитоил пентапептид-4, ацетил хексапептид-8, палмитоил трипептид-1, SH-полипептид-3, SH-олигопептид-1, SH-олигопептид-2, екстракт од корен од пченка, токоферол.
Употреба:
- По чистење на кожата, завртете го капачето наназад за да ја отворите ампулата, потоа рамномерно нанесете ја на целиот врат
- Масирајте нежно со нагорни движења оддоле нагоре додека целосно не се апсорбира
- Користете ја наутро и навечер за најдобри резултати
- За дополнителна хидратација и подобар ефект, завршете со хидратантен крем или специјален крем за врат
Мерки на претпазливост: Престанете со употреба, ако се појави црвенило, оток или чешање. Консултирајте се со специјалист ако симптомите продолжат. Да не се употребува на кожа со отворени рани. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на места подалеку од директна сончева светлина.