DR. PETROVSKY Хербал прополис 30%, 20 мл

Dr. Petrovski Herbal Propolis drops
DR. PETROVSKY Хербал прополис 30%, 20 мл
269,00 ден.
229,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Акција
Шифра
055848C
favorite_border

Опис на производот

Dr. Petrovski Herbal Propolis е додаток на исхраната.

Употреба: Го зајакнува имунолошкиот систем, има антибактериско, антивирусно, антигабично, антитуморно, анаболичко, регенеративно и анестетичко дејство. Се користи за опоравување после болест, зголемени физички и интелектуални активности. При воспалителни процеси во органите за варење, респираторните и репродуктивните органи, против херпес вирусот и вирусот на грипот.

Др. Петровски Апицентар е прва регистрирана компанија во Република Македонија која работи на полето на селекција и производство на пчелен генетски материјал од македонската пчела APIS MELLIFERA MACEDONICA строго контролирајќи ја генетската припадност преку ДНК анализа. При примарното производство ја користат добрата пчеларска пракса, а во секундарните процеси имаат воведено HACCP систем за безбедност.

Пакување: 20 мл.

Производител: Вет Медика Анимал Доо Пробиштип, Р. С. Македонија.

Содржина

Состав: Екстрахиран 30% суров прополис во етилов алкохол заедно со следните билки: кантарион, маточина, ајдучка трева, мајчина душица, рузмарин, планински чај, камилица, мента, коприва. Сите билки се набрани во преубавите предели на Македонија и потоа се екстрахирани над 2 месеци заедно со прополисот.

 

Не се препорачува за лица алергични и осетливи на пчелни производи.

Начин на чување: На температура до 25°С, заштитен од светлина, најдобро да се чува во оргиналното пакување.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се