DR. VITON Био бронзан капки, 30 мл

DR. VITON Био бронзан капки, 30 мл
1.041,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
046623C
favorite_border

Опис на производот

Концентрирани капки за само-потемнување и подмладување на кожата, за лице и тело.

Bio Bronzan капките се дизајнирани со цел да го трансформираат омилениот крем, серум или лосион во персонализирана формула за само-потемнување, и да овозможат брзо и лесно добивање на заводлив бронзен тен без изложување на сонце. 

БРОНЗАН БИО КАПКИ

  • За прекрасен златно-бронзен тен без изложување на сонце!
  • За рамномерен тен без линии, флеки и мозолчиња
  • За претворање на омилениот крем, серум или лосион во персонализирана само-потемнувачка формула
  • Интензитетот на тенот се прилагодува преку бројот на додадени капки – повеќе капки потемен тен
  • Кожата потемнува за 3-4 часа, одлични за употреба преку ноќ
  • Со патентиран органски фито-комплекс за нега и ревитализирање на кожата
  • Соодветни за сите типови на кожа
  • Без сулфати и парабени

Пакување: 30 мл

Содржина

Bio Bronzan – капки за заводлив бронзен тен без изложување на сонце!

Bio Bronzan – капки се супер лесни за употреба: преку изборот на бројот на додадени капки (4 -12) во омилениот козметички продукт, непосредно пред нанесување на телото, се избира длабочината на тенот.

Повеќе капки – потемен тен!

Капките се мешаат со саканата количина на крем, серум или лосион во дланката, со кружни движења се нанесуваат рамномерно на телото, за неверојатен природен изглед и заводлив бронзен тен потребно е да поминат само 3-4 часа од нанесувањето.

Бронзан Био капките се инспирирани од природата, содржат 98,9% природни состојки, од кои 72% се со органско потекло.  Патентираниот подмладувачки фито-комплекс со органски екстракти од калинка, асаи, хлорела, гоџи, монк пепер фрут и зелен чај, успешно ја ревитализира и освежува кожата.

Со редовна употреба на Бронзан Био капките вашата кожа секогаш ќе изгледа блескава и здрава, совршено потемнета и неодоливо заводлива!

*При изложување на сонце неопходно е секогаш да нанесете крем со соодветна УВ заштита!

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се