DR. VITON Ретинокс серум, 30 мл

DR. VITON Ретинокс серум, 30 мл
1.019,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051844C
favorite_border

Опис на производот

RETINOX серумот содржи ретинол во висока концентрација од 2.5%. Ретинолот има статус на најефикасна состојка во борба против брчките и неправилностите на кожата. Неговата ефикасност е докажана преку бројни научни истражувања и се смета за златен стандард за нега на кожата кај дерматолозите.

  • Главниот бенефит од серумот е подмладена кожа. Ретинолот стимулира создавање на колаген и еластин со што кожата се затегнува. После 12 недели употреба брчките се намалуваат за 34,2% 
  • Ја намалува хиперпигментацијата на кожата, го изедначува тенот, ги избелува флеките
  • Jа нормализира работата на лојните жлезди и ја намалува појавата на акни
  • Ја ексфолира кожата на клеточно ниво, па кожата на површина комплетно се менува со нова, млада и свежа кожа

Формулата е збогатена со супер ефикасни состојки кои во симбиоза со ретинолот прават вистински чуда за кожата:

  • Хијалуронска киселина
  • Екстракт од органска готу кола
  • Екстракт од органски зелен чај
  • Масло од јојоба

Пакување: 30 мл

Содржина

Употреба:

Измијте го лицето и со тапкање исушете ја кожата. Доколку користите тонер, прво аплицирајте го тонерот. Со врвовите на прстите нанесете мала количина од серумот на целото лице, вратот и деколтето. Почекајте да се исуши, потоа нанесете хидратантна крема. Користете ја навечер.

За корисниците што не користеле досега ваков тип на серум, треба да го нанесуваат преку еден ден.

Претпазливост и предупредувања: само за надворешна употреба. Прекинете со употреба доколку се појави црвенило или иритација на кожата. Да се чува подалеку од дофат на деца, на ладно и суво место. За време на бременост и доење пред употреба консултирајте се со фармацевт поради пречуствителноста на кожата во тој период.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се