EDEL+WHITE Flosserpik Lighthouse Орален туш

EDEL WHITE flosserpik 3 lighthouse irrigador oral oralen tus
EDEL+WHITE Flosserpik Lighthouse Орален туш
6.100,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
054064C
favorite_border

Опис на производот

Оралниот туш Edel+White Flosserpik е нова генерација на апарат кој има за цел да ја подигне оралната хигиена на повисоко ниво. Со висока технологија, ефикасност и заштеда на време обезбедува долгорочно здрави заби и непца. Создава ефикасен, моќен и пулсирачки млаз на вода кој овозможува темелно отстранување на денталниот плак и од тешко достапните места во усната празнина. 

Flosserpik Lighthouse покрај туширањето овозможува и четкање на забите со што заштедува и време доколку се користи редовно. 

4 причини зошто ќе го засакате оралниот туш Edel White Flosserpik:

  • 4 резервни продолжетоци
  • Двојна функција: орално туширање и четкање
  • Опција за масажа на непца
  • Чистење околу имплантите, мостовите и брекетите на фиксните ортодонтски апарати

Технички карактеристики:

  • 4 резервни продолжетоци, вклучувајќи го и продолжетокот во форма на четка со ултра меки Konex HD® влакна и вибрации
  • Контрола на притисокот и копче за пауза
  • Максимален волумен на резервоарот од 600 ml.
  • Напојување од 100–240 V AC | максимална потрошувачка на енергија од 18 W.
  • Класа за заштита на вода IPX4 | модул за пренос на енергија IPX7.
  • Гаранција.
  • Десет години гарантирана достапност на продолжетоците.

Содржина

Употреба:

  1. Врвот на продолжетокот насочете го кон мијалникот и вклучете го апаратот.
  2. Одберете го посакуваниот режим на работа и свртете го копчето на рачката за да ја подесите и силината на млазот.(Ви препорачуваме да започнете со најслабиот млаз и постепено да го зголемувате според Вашите потреби).
  3. Наведнете се над мијалникот, насочете го продолжетокот кон забите, (затворете ја устата за да одбегнете прскање на вода).
  4. Насочете го млазот на вода кон забите и непцата под агол од 90°.
  5. Одберете го посакуваниот режим на работа (чистење, масажа или свеж здив). Уредот автоматски ќе се исклучи после 3 минути користење, но може и да ги вклучите или исклучите и на соодветното копче.

 

 

Класичен продолжеток Продолжеток во форма на четка Субгингивален продолжеток Чистач за јазик
1. Затворете ја устата за да одбегнете прскање на вода.
2. Продолжетокот и млазот насочете ги под агол од 90° кон забите и непцата.
3. Движете се по гингивалната линија.
4. Кога ќе завршите исклучете го уредот и испразнете го резервоарот со вода. 
 
1. Нанесете паста за заби на влакната.
2. Ставете го продолжетокот во уста.
3. Вклучете го копчето и исчеткајте ги забите како и вообичаено. На крај исклучете го уредот.
ВНИМАНИЕ: овој продолжеток се препорачува да се употребува само под низок притисок на млазот вода.
1. Ставете го врвот на продолжетокот до забот и нежно вметнете го под непцето или во џебот.
2. Чистете нежно следејќи ја линијата непцето и нежно внесувајте го помеѓу забите. 
3. Повторете ја постапката во сите делови без исклучок.
1. Затворете ја устата за да одбегнете прскање на вода.
2. Ставете го врвот на продолжетокот на задниот дел од јазикот и нежно влечете кон врвот на јазикот
3. Повторете ја постапката неколку пати додека целосно не го исчистите јазикот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се