EMBRYOLISSE Повеќенаменски крем за чувствителна кожа, 100 мл

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје
Опис на производот
Хипоалергена нега за чувствителна, многу чувствителна и реактивна кожа, во специјална формула без парфем со 98% состојки од природно потекло, наменета е за целото семејство (бебиња, деца, возрасни).
- Повеќенаменски хранлив и хидратантен крем за чувствителна кожа
- Производ со висока толеранција, тестиран под дерматолошка и педијатриска контрола
- Без парфем и без парабени
- Не остава леплива и мрсна трага
Активните состојки (алое вера, протеини од соја, ши путер и пчелин восок) ја хидрираат кожата правејќи ја еластична и мека, додека емолиентните масла од природно потекло и витамини ја хранат и регенерираат кожата. Го зајакнуваат хидролипидниот слој и ја намалуваат чувствителноста на кожата, овозможувајќи моментална и долготрајна хидратација, како и заштита од надворешните фактори.
Пакување: 100 мл
Содржина
Употреба: практичен повеќенаменски производ за лице и тело. Секојдневна хранлива и заштитна нега за бебиња, деца и возрасни. Идеална како подлога за шминка, секојдневна хидратантна нега, како маска за хидратација. Може да се користи за нега на кожа после сончање и после бричење, како и за нежно чистење на лицето.