ENGELHARD Tyrosur Прашок за кожа, 5 г

Engelhard Tyrosur Powder 5 g, tirosur prashok za kozha
ENGELHARD Tyrosur Прашок за кожа, 5 г
389,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
054000C
favorite_border

Опис на производот

Engelhard Tyrosur Прашок за кожа.

  • Лекот Тиросур прашок ја содржи активната супстанца тиротрицин која припаѓа на групата антибиотици за локална примена
  • Се користи за лекување мали површински и релативно влажни рани како што се исекотини и гребаници со присутна суперинфекција предизвикана од бактериски причинители чувствителни на тиротрицин
  • Лекот е наменет за возрасни лица и деца на возраст од 1 година или постари

Пакување: 5 г.

Содржина

Состав: активната супстанца е тиротрицин.

  • 1 г прашок содржи 1 мг тиротрицин

Помошни супстанци се: лактоза монохидрат; макрогол 6000; силициум диоксид, колоиден, безводен.

Начин на употреба: лекот е наменет за возрасни лица и деца на возраст од 1 година или постари. Освена ако вашиот лекар не пропишал поинаку, следната доза е вообичаена за возрасни и деца:

  • Лекот треба лесно да се нанесе 1-2 пати дневно, со тенок слој да ги покрие повредените делови од кожата и доколку е потребно, да се покрие со завој.

Предупредување: разговарајте со својот лекар или фармацевт пред да го користите лекот Тиросур. За надворешна употреба на кожа. Времетраењето на лекување зависи од клиничките манифестации. Во случај да не дојде до подобрување по 7 дена, морате да се консултирате со лекар. Ако мислите дека дејството на лекот е прејако или преслабо, веднаш консултирајте се со лекар. Лекот Тиросур не смеете да го користите ако сте алергични (пречувствителни) на тиротрицин или на која било од помошните супстанции. Известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате, до неодамна сте земале или можеби ќе земате некои други лекови, вклучувајќи ги и оние кои можат да се набават без лекарски рецепт. Влијанието на другите лекови врз дејството на лекот Тиросур не е познато. Не е познато дали лекот Тиросур влијае врз дејството на кој било друг лек. Примена на лекот Тиросур со храна и пијалок не е применливо. Ако сте примениле од лекот Тиросур повеќе од што треба не се очекуваат никакви последици. Продолжете со лекување како што е опишано. Ако и покрај тоа, се присутни невообичаени симптоми, консултирајте со се Вашиот лекар. Ако сте заборавиле да го примените лекот Тиросур продолжете со лекување како што е опишано. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Времетраењето на лекувањето зависи од сериозноста и клиничката слика. Доколку престанете со лекување со лекот Тиросур нема да го постигнете посакуваното дејство. Доколку сте бремени или доите, мислите дека сте бремени или планирате бременост, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек. Не се достапни податоци за безбедноста на примање на лекот Тиросур во текот на бременоста. Не е познато во која мера тиротрицин, активната состојка на лекот, поминува низ кожата и влегува во крвотокот. Доколку сте бремени, лекот Тиросур би требало да го користите само: кратко време, на мала површина и по препорака на лекар. Доење: не е познато дали тиротрицин, активната состојка на лекот, се излачува во мајчиното млеко. Доколку доите, немој да го ставате лекот Тиросур на дојките и би требало да го користите само кратко време, на мала површина и по препорака на лекар. Водете сметка Вашето бебе да не дојде во контакт со третираните делови од кожата. Ако забележите какво било несакано дејство, треба да го известите Вашиот лекар или фармацевт.

Лекот да се чува надвор од вид и дофат на деца, на темература од 25°C. По употреба добро затворете го шишето. Рокот на употреба по првото отварање: 3 месеци.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се