ESENSA Oto Perfect Aqua Acida Спреј за уво, 30 мл

ESENSA Oto Perfect Aqua Acida Спреј за уво, 30 мл
402,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
000071C
favorite_border

Опис на производот

Oto Perfect Aqua Acida спреј раствор за уво е медицинско средство кое содржи ацетатна (оцетна) киселина, изопропил алкохол и д-пантенол. Се користи за превенција и третман на некомплицирани инфекции на надворешниот ушен канал, како и при задршка на вода во надворешниот ушен канал. Своето дејство го остварува преку намалување на pH вредноста во надворешниот ушен ходник (со што се создаваат неповолни услови за развој на микроорганизми), како и благодарение на своето бактерицидно и антимикотично делување.

Исто така, Oto Perfect Aqua Acida спреј раствор за уво е одличен избор при задршка на вода во увото, благодарение на изопропил алкохолот, кој ја оштетува кожната бариера. Д-пантенолот во формулацијата ја регенерира и штити кожата на надворешниот ушен канал.

Употреба на Oto Perfect Aqua Acida спреј раствор за уво се препорачува:

  • За третман на благи и умерени инфекции на надворешниот ушен канал од бактериско и габично потекло (otitis externa - "пливачко уво", отомикози)
  • Превентивно кај пливачи, нуркачи и особи склони на инфекции на надворешниот ушен канал
  • При задршка на вода во надворешниот ушен канал, до кој доаѓа после пливање, нуркање, туширање или престој во услови на топла и влажна клима, неадекватна употреба на средства за чистење на увото на база на вода, па дури и потење

За возрасни и деца над 3 години.

Пакување: 30 мл

Содржина

Состав: 1 мл раствор содржи 433,97 мг изопропил алкохол, 22,83 мг оцетна киселина, 4,61 мг д-пантенол.

Растворувач: прочистена вода.

Конзерванс: бензалкониум хлорид 0,1 мг/мл.

Употреба: пред првата употреба да се притисне распрснувачот неколку пати, додека од шишенцето не почне да излегува рамномерна доза на спрејот. Шишенцето со спреј да се загрее, држејќи се во дланките (1 минута).

Наведнете ја странично главата и вбризгајте една доза Oto Perfect Aqua Acida спреј раствор во уво, водејќи сметка апликаторот само благо да се потпре на ушната школка. Оставете да делува 5 минути држејќи ја главата благо наведната. Потоа исправете ја главата, пуштете го растворот да истече и нежно пребришете го увото. Кај децата благо повлечете ја ушната школка наназад, па потоа вбризгајте од производот.

При инфекции на надворешниот ушен канал (пливачко уво) или присуство на вода во увото, да се аплицира по една доза на спреј раствор (кај возрасни по потреба и повеќе) 3 пати на ден.

Во превенција на инфекции и задршка на вода во надворешниот ушен канал, да се аплицира по една доза на спреј раствор во ушниот канал 2-3 пати неделно.

Предупредување:

Кога не треба да се применува Oto Perfect Aqua Acida спреј раствор за уво:

  • Во случај на перфорација или недостаток на ушно тапанче
  • Во случај на постојана повреда на ушниот канал
  • Во случај на преосетливост на некоја од состојките на производот
  • Кај деца помали од три години

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се