ESI Простербе, 60 таблети

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје
Опис на производот
За добросостојба на простатата.
ПростЕрбе е сосема природен производ кој може да биде посебно корисен за мажи на возраст над 50 години. ПростЕрбе содржи сув екстракт од Saw Palmetto (џуџеста палма) стандардизиран на 25% масни киселини и сув екстракт од детелина стандардизиран на 8% од изофлавони.
Редовна употреба на ПростЕрбе, благодарение на збогатената содржина со масни киселини и изофлавони, може да понуди природна помош во одржувањето на физиолошката благосостојба на простатата. Покрај тоа содржи и тиква во прав, сув екстракт од коприва и мечкино грозје.
Кај мажите, со текот на годините, простатата, жлезда со големина на костен која се наоѓа под мочниот меур, често се зголемува со што предизвикува серија тешкотии, помалку или повеќе сериозни, врз уринарниот тракт. Во Европа а посебно во Америка третина од мажите над пеесетите години и околу половина од мажите во шеесетите години ја развиваат оваа состојба.
Важни научни студии имаат покажано дека популацијата во Азија, со исхрана богата со соја, леќа, грав, грашок и други варива посебно богати со изофлавони и билни принципи, чувствуваат многу помалку проблеми во врска со простатата.
Пакување: 60 таблети
Содржина
Употреба: 2 таблети дневно.