EUCERIN AntiREDNESS Дневен крем против црвенило со СПФ 25, 50 мл
Опис на производот
EUCERIN AntiREDNESS производите ги третираат сите симптоми на многу чувствителната кожа склона кон црвенило и розацеа.
Eucerin AntiREDNESS - Корективниот дневен крем против црвенило со СПФ 25 е специјално разработен за многу чувствителна кожа и кожа со розацеа/купероза. Нанесен на чиста кожа, кремот моментно ја смирува иритацијата и го прикрива видливото црвенило.
Иновативната формула комбинира две активни состојки: SymSitive* и ликохалкон А.
SymSitive ефикасно делува на нервните завршетоци, коишто се причината за хиперчувствителност на кожата и на тој начин моментно ја смирува кожата и ја зголемува нејзината толерантност.
Ликохалкон А (екстракт од корен на кинеска ликорица) го намалува црвенилото и ја смирува иритацијата.
Корективниот дневен крем против црвенило со СПФ 25 докажано ги смирува непријатните сензации карактеристични за хиперчувствителната кожа, го смирува и прикрива црвенилото, ја зајакнува кожната бариера и ги смирува иритациите.
За да се минимизира можноста за неподносливост или алергична реакција, формулата е максимално "чиста", а специјалното пакување штити од навлегување на нечистотии во производот.
Пакување: 50 мл.
Содржина
Состав: Aqua, Glycerin, Homosalate, Octocrylene, Butyl Methoxydibenzoylmethane, Ethylhexyl Salicylate, Pentylene Glycol, Methylpropanediol, Butyrospermum Parkii Butter, Cetearyl Alcohol, Bis-Ethylhexyloxyphenol Methoxyphenyl Triazine, 4-t-Butylcyclohexanol (Trans-Isomer), Glycyrrhiza Inflata Root Extract, Xanthan Gum, Sodium Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Potassium Cetyl Phosphate, Trisodium EDTA, Dimethicone, Caprylyl Glycol, CI 77891, CI 77288.
Употреба: Со нежно тапкање со прстите, нанесете наутро на чиста кожа. Зелените пигменти веднаш го прекриваат црвенилото и го изедначуваат тенот.