EUCERIN Aquaphor SOS Заштитен спреј, 250 мл
Опис на производот
Eucerin Aquaphor Заштитниот спреј за кожа ја обезбедува SOS негата којашто ѝ е неопходна на сувата, многу сува, напукната и иритирана кожа. Безводниот мевлем во форма на спреј образува нежна полуоклузивна заштитна бариера на кожата којашто го помага природниот пренос на водени молекули и кислород во и од кожата, ѝ овозможува на кожата да „дише“ и ја зајакнува нејзината природна бариерна функција. Спрејот е збогатен со глицерин и пантенол. Глицеринот е ефикасен навлажнувач којшто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Тој делува заедно со пантенолот, којшто ја хидрира кожата и помага да се забрза нејзината регенерација и обновување.
Eucerin Aquaphor Заштитниот спреј за оштетена кожа е без мирис и конзерванси, а со клиничките и дерматолошките студии беше докажано дека го помага обновувањето на многу сувата, распукана или иритирана кожа.
Смирувачкиот спреј е лесен за нанесување на проблематичните зони како кожата на колената и на лактите, распуканата кожа на дланките, заноктиците и распуканата кожа на петите, пеленската регија. Содржи само неколку состојки кои добро се поднесуваат од чувствителната кожа. Погоден е за употреба кај бебиња и деца, како и при лесни изгореници и после површни дерматолошки процедури како на пр. ласерски третмани и хемиски пилинзи*. Кожата е регенерирана, заштитена и обновена.
*Eucerin Aquaphor Заштитниот спреј за оштетена кожа треба да се користи само на реепителизирана кожа (т.е. откако ќе се образува ново ткиво), а не на отворени, влажечки или рани што крвават. Посоветувајте се со вашиот дерматолог колку долго треба да почекате после лечењето, пред да го користите производот.
Пакување: 250 мл.
Содржина
Активни состојки: бутан, течен парафин, цера микрокристалина, парафин, ланолин алкохол, пантенол, глицерин, бисаболол.
Употреба: За надворешна употреба. Нанесувајте на засегнатите зони толку често колку што е неопходно. Протресете добро пред употреба. Држете на 15 см од кожата и прскајте рамномерно. Нежно втријте го во кожата ако има потреба. Избришете ја прскалката после употреба. Не го користете при отворени, крваречки или влажни рани. Не прскајте директно на или близу до лицето. Избегнувајте пролонгирано прскање и директно вдишување.