EUCERIN AtopiControl Масло за туширање, 400 мл
Опис на производот
Масло за туширање - погодно за бебиња.
Маслото за туширање нежно ја измива и ја смирува атопичната кожа, го смирува јадежот и ја заштитува од последователно исушување. Користете ја секојдневно, како во текот на акутните фази, така и за време на мирните фази без симптоми.
Содржи повеќе од 50% омега масла и други природни масла со кои ја омекнува кожата, ја заштитува од последователно исушување и го смирува јадежот. Eucerin AtopiControl Маслото за туширање се нанесува на мокра кожа за секојдневното капење.
Погодно е за бебиња, деца и возрасни. За бебињата се препорачува маслото за туширање да се раствори во водата за капење.
За да се минимизира ризикот од иритации, Eucerin AtopiControl Маслото за туширање не содржи додадени мириси, бои и конзерванси.
Пакување: 400 мл.
Содржина
Состав: Glycine Soja, Ricinus Communis Seed Oil, Laureth-4, MIPA-Laureth Sulfate, Laureth-9, Poloxamer 101, Propylene Glycol, Aqua, BHT, Propyl Gallate.
Употреба: Нанесете Eucerin AtopiControl Масло за туширање на мокра кожа. Нежно измасирајте за да направите пена, потоа исплакнете обилно. Нежно исушете ја кожата со тапкање со крпата, без триење.