EUCERIN Q10 ACTIVE Крем за околу очи со СПФ 15, 15 мл

EUCERIN Q10 ACTIVE Крем за околу очи со СПФ 15, 15 мл
912,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
007766C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Кремот за околу очи е специјално направен со коензим Q10, за третман на фините линии и брчки во деликатната зона околу очите. Коензим Q10 е состојка во кожата чија концентрација постепено се намалува со напредувањето на возраста. Нејзиното присуство во клетките го зголемува нивниот регенеративен потенцијал за намалување на брчките и темните кругови под очите, додека антиоксидантните особини помагаат да се спречи образувањето на нови линии.

За да се обезбеди добра подносливост од кожата во деликатната зона околу очите, формулата е офталмолошки тестирана, не содржи парабени, мирис и вештачки бои.

Пакување: 15 мл

Содржина

Состав: Aqua, Glycerin, Caprylic/Capric Triglyceride, Dicaprylyl Ether, Cetearyl Alcohol, Methylpropanediol, Butyl Methoxydibenzoylmethane, Glyceryl Stearate Citrate, Phenylbenzimidazole Sulfonic Acid, Ubiquinone, Biosaccharide Gum-1, Bis-Ethylhexyloxyphenol Methoxyphenyl Triazine, Glyceryl Stearate, Synthetic Beeswax, Carbomer, Sodium Acrylates/C10-30 Alkyl Acrylate Crosspolymer, Trisodium EDTA, 1,2-Hexanediol, Ethylhexylglycerin, Phenoxyethanol.

Употреба: Ако за прв пат користите производ од Q10 линијата, ви препорачуваме прво да нанесете мала количина на кожата на внатрешната страна од лактот. Ако немате несакани реакции до следниот ден, продолжете да го користите и за нега на кожата на лицето.

Користете го наутро после Eucerin Q10 ACTIVE дневен крем за лице, или навечер после Eucerin Q10 ACTIVE ноќен крем. Нанесете во зоната под и околу очите. Со лесно тапкање на кожата околу очите помогнете кремот побрзо да се впие. Почекајте пет до десет минути, пред да нанесете шминка.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се