EUCERIN SUN Pigment Control Tinted Medium Нијансиран гел-крем за лице, за заштита од сонце со СПФ 50+, потемна нијанса, 50 мл

Eucerin 66870 SUN Protection Pigment Control Tinted Hyperpigmentation Face Sun Gel-Cream Medium SPF 50+, 50ml nijansiran krem gel za lice za zastita od sonce ,hiperpigmentacija
EUCERIN SUN Pigment Control Tinted Medium Нијансиран гел-крем за лице, за заштита од сонце со СПФ 50+, потемна нијанса, 50 мл
1.413,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052736C
favorite_border

Опис на производот

  • За секој тип кожа
  • Многу висока УВ заштита

Eucerin® SUN со ADVANCED SPECTRAL TECHNOLOGY комбинира UVA/B филтри за многу висока UV заштита и Licochalcone A, којшто помага за неутрализација на слободните радикали, предизвикани од UV-те зраци и високоенергетската видлива светлина.

Формулата го содржи патентираниот Thiamidol®. При редовна употреба состојката помага за намалување на темните дамки и ја превенира нивната повторна појава, на тој начин што влијае на основната причина за проблемот.

Глициретинската киселина ги помага сопствените ДНК-репаративни механизми на кожата.

  • Многу висока заштита и прекривен ефект
  • Лесна текстура, не е масен, не остава лепливи траги
  • Некомедоген
  • Брзо се впива
  • Тестиран на влажна клима
  • Многу добра толеранција од чувствителната кожа околу очите
  • Ароматизиран

Нијансирачки пигменти за двоен ефект:

  • Моментно прекривање на нерамномерниот тен
  • Дополнителна заштита од пигментни дамки, предизвикани од високоенергетската видлива светлина

*Формула без микропластика, според дефиницијата на UNEP
Дерматолошките проучувања докажуваат: многу добра подносливост од чувствителна кожа.

Пакување: 50 мл

Содржина

Состав: вода, денатуриран алкохол, ЦИ 77891, бутил метоксидибензоилметан, бис-етилхексилоксифенол метоксифенил триазин, дибутил адипат, бутилен гликол дикаприлат/дикапрат, Ц12-15 алкил бензоат, етилхексил салицилат, етилхексил триазон, диетиламино хидроксибензоил хексил бензоат, фенилбензимидазол сулфонска киселина, силика диметил силилат, ЦИ 77492, кокоглицериди, копернициа церифера цера, глицерин, изобутиламидо тиазолил резорцинол, екстракт од корен од глицириза инфлата, глициретинска киселина, токоферил ацетат, силика, карагеенан, ксантан гума, хидроксипропил метилцелулоза, бехенил алкохол, цетеарил алкохол, арахидонска киселина, миристична киселина,олеична киселина, палмитинска киселина, стеаринска киселина, карбомер, натриум стеароил глутамат, натриум хлорид, натриум хидроксид, тринатриум ЕДТА, феноксиетанол, хидроксиацетофенон, алумина, мирис, ЦИ 77491, ЦИ 77499.

Употреба:

За надворешна употреба: Нанесете обилно на кожата пред изложување на сонце и повторно нанесувајте често и повеќекратно, особено после пливање, потење или бришење, за да го одржите нивото на заштита. Намалувањето на количината којашто ја нанесувате, значајно ќе го намали нивото на заштита од сонце. Не се изложувајте премногу долго на сонце, дури и кога употребувате производи за заштита од сонце. Прекумерното изложување на сонце е сериозна опасност за здравјето. Не ги изложувајте бебињата и малите деца на силна сончева светлина. Избегнувајте контакт со очите. Оставете да се апсорбира целосно и избегнувајте директен контакт со текстил и тврди површини, за да избегнете појава на дамки. Нанесувајте најмногу до 4 пати на ден производи за лице, коишто содржат Thiamidol.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се