EUCERIN UreaRepair Plus 5% Парфимиран лосион за тело, 250 мл

EUCERIN UreaRepair Plus 5% Парфимиран лосион за тело, 250 мл
935,00 ден.
655,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
050144C
Online only
Акција поради краток рок, која важи само за online нарачки! Рок: 01/2025
favorite_border

Опис на производот

  • За многу сува и груба кожа

  • Со смирувачки мирис

Во зависност од степенот на сувост, кожата е затегната и груба, се перута и се вцрвенува. Главните причини за сувост се недостаток на влага и нарушена бариерна функција на кожата.

Иновација: Eucerin® 5% UreaRepair PLUS – содржи уникатна комбинација од состојки за брзо смирување на знаците на сува кожа и долготрајна заштита на сува кожа, сега достапна со смирувачки мирис.

Резултат: Брзо смирување на типичните знаци на сува кожа, како грубост и чувство на затегнатост:

  • Кожата повторно ја чувствуваме пријатно мазна.

  • Кожата е еластична и повторната појава на сува кожа е одложена во времето.

  • Серамидите придонесуваат за зајакнување на сопствената заштитна бариера на кожата и помагаат за превенција на загуба на хидратација.

  • Уреата и површински активните состојки помагаат да се подобри капацитетот за задршка на вода во кожата, што помага значајно да се зголеми количината на влага.

  • Емулзијата масло во вода брзо се впива, без да остава лепливи траги на кожата.

  • Мирисот е специјално наменет за сува кожа. Тој содржи состојки коишто делуваат смирувачки на кожата, а од него се отстранети вообичаените алергени состојки.

Дерматолошките проучувања докажуваат: Многу добра ефикасност и подносливост докажани при сува кожа, дури и при псоријаза. Дерматолошките иследувања докажуваат дека ароматизираната формула не предизвикува иритација и црвенило на кожата. Погоден при диабетес, зрела кожа, како и за секојдневна нега како дополнување на основната терапија.

Пакување: 250 мл.

Содржина

Состав: вода, глицерин, уреа, цетеарил алкохол, глицерил глукозид, етилхексил кокоат, натриум лактат, бутироспермум паркии бутер, каприлик/каприк триглицерид, октилдодеканол, дикаприлил етер, тапиока старч, глицерил стеарат СЕ, хидрогенизирани коко-глицериди, аланин, аргинин ХЦЛ, карнитин, серамид НП, холестерол, хондрус криспус екстракт, глицин, масло од семе од хелиантус ануус, млечна киселина, натриум цетеарил сулфат, натриум хлорид, натриум ПЦА, токоферол, диметикон, метил бензоат, пентилен гликол, децилен гликол, феноксиетанол, мирис.

Употреба: Нанесувајте секојдневно. Консултирајте се со лекар пред да го користите заедно со медикаменти за локален третман кај деца. За оптимална рутинска нега користете го во комбинација со Eucerin® UreaRepair PLUS Парфимирана пена за туширање.

Да се чува на температура до 25°С.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се