FLOREO Ливадски мед 720 г

FLOREO Ливадски мед 720 г
439,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052472C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Природниот ливадски мед на Флорео се карактеризира со својот извонреден вкус и арома. Бојата на ливадскиот мед е од светло жолта до нијанси на црвена.
Природниот ливадски мед се добива од разновидни цвеќиња кои растат на ливадите. Содржи природни ензими, витамини, минерали и аминокиселини. Ливадскиот мед дава енергија, го зголемува хемоглобинот, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од храната и го забрзува закрепнувањето на организмот. Поради лековитоста, медот треба сите да го употребуваат, но на децата и старите луѓе треба да им биде секојдневие.

Се препорачува кај спортисти, ја зголемува издржливоста, а го намалува заморот на мускулите. Го подигнува нивото на железо, ги намалува маснотиите во крвта и го прочистува телото.

Нето-тежина: 720 г

Содржина

Состав: ливадски мед 100%.

Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, затоа што од таму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. На температура над 41°С, медот ги губи лековитите својства. Затоа внимавајте кога додавате мед чајот да не е премногу врел.

Консумирање: по избор на потрошувачот.

Дневната доза за возрасен човек е максимум 100 г мед распореден во три дела, а за децата тоа количество изнесува 30 г (една супена или три кафени лажички) дневно распоредени на три дела. Се препорачува консумирањето на производот да биде половина час пред оброк.

Начин на чување:

На собна температура. Кристализацијата е нормален процес на медот кој не влијае на неговиот квалитет. Медот кристализира под 18°С, а повторно ќе добиете течен мед кога ќе ја ставете теглата во топла вода до 40°С.

Не се препорачува употреба за деца до 1 година.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се