FLOREO Органски планински мед 720 г

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје
Опис на производот
Органскиот планински мед се добива од разновидни незагадени планински растенија кои изобилуваат со лековити својства.
Планинскиот мед има силно антивоспалително и антибактериско дејство. Се користи за јакнење на имунитетот и при проблеми со респираторниот систем. Помага во лекување на кашлица, воспаленија на грлото и синусите.
За разлика од конвенционалното производство, во органското производство на мед не се употребуваат пестициди и други отрови кои не се во согласност со прописите за превенција од болести и заштита на пчелите.
Нето-тежина: 720 г
Содржина
Состав: Органски планински мед 100%.
Начин на употреба: без термичка обработка.
Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, затоа што од таму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. На температура над 41°С, медот ги губи лековитите својства. Затоа внимавајте кога додавате мед чајот да не е премногу врел.
Консумирање: по избор на потрошувачот.
Дневната доза за возрасен човек е максимум 100 г мед распореден во три дела, а за децата тоа количество изнесува 30 г (една супена или три кафени лажички) дневно распоредени на три дела. Се препорачува консумирањето на производот да биде половина час пред оброк.
Начин на чување: на собна температура.
Кристализацијата е нормален процес на медот кој не влијае на неговиот квалитет. Медот кристализира под 18°С, а повторно ќе добиете течен мед кога ќе ја ставете теглата во топла вода до 40°С.
Органскиот планински мед на Флорео потекнува од недопрените планински предели на регионот Мариово. Пчелните семејства се наоѓаат на 3 локации во близина на селото Вепрчани. Се карактеризира со својот извонреден вкус и арома.
Бојата на планинскиот мед е од темно црвена до нијанси на кафена. Колку што е медот потемен, посилни му се лековитите својства.