МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна само во Скопје и истата е бесплатна со нарачка над 501 денар

Францускиот амбасадор го пофали тимот на ПЗУ Зегин Медика за успешното справување со здравствената состојба

Француската амбасада во земјава го пофали фармацевтскиот и лекарскиот тим на ПЗУ Зегин Медика под раководство на д-р Евросима Десовска Геговска за посветеноста и за успешното справување со здравствената состојба и лекувањето на пациентите позитивни на ковид-19.

„Овој пат квалитетот беше препознаен од Француската амбасада во нашата земја. Ваквата потврда ни дава поттик и желба и понатаму да продолжиме успешно да ја реализираме мисијата за добро здравје на сите наши граѓани. Огромна благодарност до Амбасадата и до францускиот амбасадор, г-дин Сирил Бомгартнер, кои ja препознаа заложбата на целиот тим“, се вели во соопштението на Зегин Медика.