GALAFARM Јекогал рибино масло со арома на лимон, 100 мл
Опис на производот
Рибиното масло е богато со витамините А и Д, како и со есенцијални незаситени масни киселини. Овие активни состојки учествуваат во општиот метаболизам на организмот и се неопходни за правилен раст и развој на децата, нормално окостување на скелетот и развој на забите, зголемена отпорност кон инфекции, добро функционирање на видот.
Јекогал рибиното масло се препорачува како додаток на исхраната на деца и возрасни при недоволно внесување на витамините А и Д со редовната исхрана, посебно во зимскиот и пролетниот период, поради зголемени дневни потреби во растот и развојот на децата, при зголемена физичка активност, за оптимално функционирање на одбранбената способност на организмот.
Пакување: 100 мл
Содржина
Состав: 100 мл рибино масло содржи:
Витамин А - 27 600 мкг и витамин Д - 230 мкг.
Употреба:
- Деца од 1 до 3 години: 1 мл дневно
- Деца од 4 до 6 години: 1.5 мл дневно
- Деца над 7 години, бремени жени и возрасни: 2.5 мл дневно