GALAFARM Хемогал маст за хемороиди, 20 г

GALAFARM Хемогал маст за хемороиди, 20 г
89,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
003525C
favorite_border

Опис на производот

Хемогал маста за хемороиди содржи сув екстракт од семе на див костен, масло од невен и алантоин.

Екстрактот од семето на див костен, чија активна состојка е есцинот, го зајакнува тонусот на венските ѕидови, со што ја подобрува венската циркулација, ја намалува пропустливоста на капиларите, ја зајакнува нивната отпорност и го спречува настанувањето на отоци.

Маслото од невен делува противвоспалително, антисептично и го забрзува заздравувањето на раните. 

Алантоинот го дополнува дејството на невеновото масло со тоа што го чисти оштетеното ткиво и го стимулира растот на ново здраво ткиво.

Хемогал маста се употребува за ублажување на симптоми кои се поврзани со хемороиди како болка, печење и чешање.

Нето-тежина: 20 г

Содржина

Состав: 

1г маст содржи: 50 мг сув екстракт од семе на див костен кој одговара на 10 мг тритерпенски гликозиди, изразени како есцин; 200 мг масло од невен; 20 мг алантоин

Помошни супстанции: ланолин, бел вазелин, бел восок, етерно масло од лаванда, метил парахидроксибензоат, прочистена вода.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се