GALAFARM Silk Крема за депилација на тело со уреа, 100 мл

Galafarm Silk Body Hair Removal Cream With Urea krema za depilacija na telo so urea
GALAFARM Silk Крема за депилација на тело со уреа, 100 мл
150,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
011478C
favorite_border

Опис на производот

Силк крема за депилација на тело:

  • Брзо, ефикасно и безболно ги отстранува несаканите влакна од телото
  • Збогатена со уреа, ја омекнува и хидратира кожата
  • По депилацијата, кожата е мека, мазна и освежена
  • Пакувањето содржи и шпатула за нанесување и отстранување на кремата

Пакување: 100 мл

Содржина

Состав: Aqua, Cetearyl Alcohol (and) Ceteareth-20, Paraffinum Liquidum, Calcium thioglycolate hydroxide, Urea, Sorbitol, Propylene glycol, Calcium hydroxide, Glycerin, Parfum, Linalool, Amyl Cinnamal, Geraniol, Limonene.

Упатство за употреба
Пред употреба внимателно прочитајте ги инструкциите за употреба и мерките на претпазливост и предупредувањата.

1. ТЕСТ НА ЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА КОЖАТА
Пред секоја употреба проверете ја чувствителноста на Вашата кожа. Нанесете од кремата на мал дел од површината која сакате да ја депилирате, постапувајќи според упатството за употреба. Ако после 24 часа не забележите било какви несакани промени на кожата (црвенило, јадеж, оток), можете да го употребувате овој производ.

2. ЕДНОСТАВНА АПЛИКАЦИЈА
Кремата се нанесува на чиста и сува кожа. Со помош на приложената шпатула, нанесете ја рамномерно кремата на местата кои сакате да ги депилирате, во слој чија дебелина целосно ќе ги покрие влакненцата. Не ја втривајте кремата.

3. ЕФИКАСНО ДЕЛУВАЊЕ
Оставете ја кремата да дејствува 5-15 минути, зависно од структурата и дебелината на влакненцата. После 7-8 минути тестирајте мала површина со шпатулата. Ако влакната се отстрануваат лесно, со шпатулата отстранете ги останатите влакненца заедно со кремата. Доколку е потребно, оставете ја подолго кремата на кожа, но не повеќе од вкупно 15 минути.

4. ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОСТАТОЦИТЕ
Веднаш потоа исплакнете ја кожата со голема количина млака вода за да ги отстраните сите остатоци од кремата и исушете ја со нежно допирање со мека крпа. Не користете сапун.

МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Секогаш придржувајте се кон упатството за употреба. Доколку не се придржувате до инструкциите и предупредувањата, може да дојде до тешки иритации на кожата, нејзино оштетување и други повреди. Задолжително пред секоја употреба на кремата за депилација проверете ја чувствителноста на Вашата кожа (види под 1.). Ако при употреба на кремата почувствувате печење, болка или било каква реакција на иритација на кожата, веднаш отстранете ја кремата и исплакнете ја кожата со многу вода. Доколку иритацијата не исчезне, побарајте лекарски совет. Не користете сапун или топла вода непосредно пред и после употреба на кремата. Не ја употребувајте кремата на младежи, брадавици, лузни, акни, иритирана, воспалена, оштетена кожа или кожа изгорена од сонце, на брадавиците на градите, перианалното или гениталното подрачје, во носот или ушите, на неодамна депилирани или избричени површини, како и доколку сте имале несакана реакција на креми за депилација во минатото. По депилацијата, најмалку 24 часа на депилираната површина не применувајте антиперспиранти, дезодоранси, било кои производи кои содржат алкохол, како и избегнувајте сончање и пливање. Секогаш причекајте најмалку 72 часа пред повторно да ја употребите кремата. Содржи тиогликолат и база. Внимавајте да не дојде во контакт со очите. Доколку тоа се случи, исплакнете ги очите со многу вода и побарајте лекарска помош. Само за надворешна употреба. Производот да се чува на температура до 25°С, во добро затворено оригинално пакување. Да се чува на места недостапни за деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се