GALENIKA Бевиплекс Б (б-комплекс) гранули 70 г

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје
Опис на производот
Витамините Б1, Б2, Б6, ниацин и пантотенска киселина допринесуваат за одржување на нормален енергетски метаболизам. Ниацин, витамините Б1, Б2 и Б6 допринесуваат за нормално функционирање на нервниот систем. Витаминот Б6 исто така допринесува за нормално создавање на црвени крвни зрнца и нормална функција на имуниот систем. Ниацин и витамин Б2 допринесуваат за одржување на нормална кожа и слузокожа.
Бевиплекс Б гранулите се наменети за:
- Лица со зголемени потреби за витамините од Б групата (деца во фаза на развој, лица на редукциона диета или диета богата со јаглени хидрати, реконвалесценти, лица изложени на интензивни физички и ментални напори - спортисти, рекреативци, ученици и студенти)
- Лица со дефицит на витамин Б (лица со слаб апетит, лица кои консумираат алкохол, лица кои имаат проблем со квалитет на кожата, лица после подолга примена на антибиотици, постари лица).
Пакување: 70 г
Содржина
Состав:
1 кафена лажичка: | %НРВ | |
Витамин Б1 (тиамин хидрохлорид) | 3 мг | 273 |
Витамин Б2 (рибофлавин) | 2 мг | 143 |
Витамин Б6 (пиридоксин хидрохлорид) | 2 мг | 143 |
Пантотенска киселина (калциум Д пантотенат) | 3 мг | 50 |
Ниацин (никотинамид) | 20 мг | 125 |
*% НРВ - нутритивна референтна вредност
Останати состојки: сахароза, какао прав, калциум глуконат, никотинамид, арома: ванилин.
Употреба:
Деца на возраст од една година и возрасни: 1 кафена лажичка од гранулите растворена во вода или млеко.
Да се користи исклучиво сува лажичка.