GALENIKA Флонивин плус, 10 капсули

Опис на производот
Производот е наменет за нормално функционирање на дигестивниот систем и нормална функција на имуниот систем.
Една Флонивин капсула содржи најмалку 5 милијарди корисни пробиотски клетки Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum и 5 мг цинк.
Пробиотиците може да се дефинираат како моно или мешовити култури на живи микроорганизми кои внесени во препорачаната количина во организмот на домаќинот (луѓе или животни) го подобруваат неговото здравје, првенствено со нормализација на цревната микрофлора. Цревата се населени од околу 100 трилиони на пријателски бактерии, при што 95% припаѓаат на бактериите од млечни киселини, кои се неопходни за одвивање на основните физиолошки и биохемиски процеси во човековиот организам.
Основни особини на пробиотичките соеви за хумана употреба:
- Поседуваат антимикробно дејство
- Отпорни се на киселата средина во желудникот и на жолчните соли
- Се придржуваат на површината на цревната слузокожа
- Безбедни се по здравјето
Флонивин плус капсулите се комбинација на две пробиотски култури Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum. Соевите се отпорни на киселата средина во желудникот и на жолчните соли. Saccharomyces boulardii поседува природна резистенција на антибиотици. Спречуваат раст на штетните бактерии како што се Staphylococcus aureus, Escherichia Coli и Clostridium difficile.
Се препорачуваат:
- За нормализација на цревната микрофлора после употреба на антибиотици
- За подобрување на имунитетот на целиот организам
- Кај акутни дијареи
- Кај упорен затвор (запек)
Пакување: 10 капсули
Содржина
Состав:
1 капсула | %НРВ (во 3 капсули) | |
Saccharomyces boulardii и Bifidobacterium bifidum | Најмалку 5х 10-9 cfu | / |
Цинк | 5 мг | 150 |
*НРВ-нутритивна референтна вредност
Употреба:
- Возрасни и деца над 3 години: 1-3 капсули дневно
- За нормализација на цревната микрофлора во тек и по употреба на антибиотик, да се зема 1 капсула дневно, во траење од 7-10 дена, 2 часа по земањето на антибиотикот
- Во случај на акутна дијареа се користи 1-3 капсули дневно