GALENIKA Пантенол 5% маст, 30 г
Опис на производот
Декспантенол кој е активна состојка на маста Пантенол, во организмот се трансформира во пантотенска киселина. Активниот облик на пантотенска киселина во ткивата е коензимот А.
Коензимот А е неопходен за метаболизмот на јаглехидратите, мастите и белковините и детоксикација на некои продукти на метаболизмот. На ниво на здрава кожа, овие процеси резултираат со зачувување на правилната функција, а кај оштетената или заболена кожа со стимулација на регенеративните процеси.
Пантенол маста е изработена од масни материи од природно потекло, на кожата и ги обезбедува неопходните хранливи материи, и дава мазност и сјај и ја зголемува еластичноста.
Се применува за подобрување на епитeлизацијата и нега на кожата кај:
- Мали изгореници предизивикани од различни физички и хемиски агенси
- Ублажување на тегобите настанати како последица на прекумерно сончање, триење или притисок на кожата
- Иритација и јадеж, особено кај превиткувања на кожата
- Суви, испукани усни и брадавици на дојки
- Екцематозни промени во пазувите помеѓу третман со лековити масти
- Оштетување на кожата поради нарушување на периферната циркулација на крвта
- Може да се употребува и како козметички препарат кај постара, сува и уморна кожа
Пакување: 30 г.
Содржина
Состав: декспантенол 0.05 г.
Употреба: се нанесува на оштетена кожа 2-3 пати дневно во тенок слој и благо се втрива.
На доилките им се препорачува мачкање на брадавиците после секој подој.
Како козметички препарат се нанесува на претходно исчистена кожа, секоја вечер.
Само за надворешна употреба.