GALENIKA Пантенол + витамин Ц, 20 ориблети
Опис на производот
Galenika Пантенол + витамин Ц е граничен производ.
- Пантотенската киселина во ткивата влегува во состав на коензимот А, кој е потребен за метаболизмот на јаглените хидрати, масти, белковини и неутрализирање на штетното дејство на некои метаболички производи
- Витаминот Ц, во вода растворлив антиоксиданс, учествува во голем број на оксидо-редукциони процеси во организмот и во создавањето на колаген и други делови на врзивното ткиво
- Овие процеси овозможуваат учество на пантотенската киселина и витаминот Ц во зачувување на правилното функционирање на здравата слузница и обновувањето на слузницата на устата, грлото, јазикот и непцата
- Pantenol so vitamin C/Пантенол со витамин Ц ориблетите се употребуваат за ублажување на потешкотиите настанати после помали повреди или изгореници како и за стимулирање на регенерацијата на слузницата на усната шуплина, грлото, јазикот и непцата при надразувања од различно потекло (тутунски дим, смог)
- Pantenol so vitamin C/Пантенол со витамин Ц ориблетите можат да бидат додаток на антибиотската терапија кај локалните воспалителни процеси на усната шуплина
Пакување: 20 ориблети.
Содржина
Состав:
| Состојки | 1 ориблета | %НРВ* | 100 г |
| Пантотенска киселина (калциум Д пантотенат) | 30 мг | 500 | 3.3 г |
| Витамин Ц (Л-аскорбинска киселина) | 50 мг | 63 | 5.6 г |
*НРВ- нутритивна референтна вредност
Останати состојки: сахароза, засладувач: манитол, стабилизатори: поливинилпиролидон, Л-аскорбинска киселина, калциум Д-пантотенат, стабилизатор: магнезиум стеарат, пченкарен скроб, арома на лимон, малтодекстрин, боја: Е172, антиоксиданс: винска киселина.
Нутритивни информации на 100 г: енергетска вредност 1458 kJ/ 342.7 kcal, масти 0.00 г, од кои заситени масти 0.00 г, јаглехидрати 80.25 г, од кои шеќери 43.30 г, протеини 0.00 г, сол 0.00 г.
Нутритивни информации на 1 ориблета: енергетска вредност 13.0 kJ/ 3.1 kcal, масти 0.00 г, од кои заситени масти 0.00 г, јаглехидрати 0.72 г, од кои шеќери 0.39 г, протеини 0.00 г, сол 0.00 г.
Употреба:
Возрасни и деца над 12 години: еднаш дневно, 1 ориблета постепено да се растопи во уста.
Предупредување: немојте да го земате/употребувате Pantenol so vitamin C/Пантенол со витамин Ц ако сте преосетливи на било која состојка на граничниот производ. Прекумерната употреба може да предизвика лаксативен ефект. Граничниот производ не е наменет за деца под 12 години. Лица кои се нетолерантни на некои шеќери овој производ можат да го користат само после консултација со својот лекар. Ако сте бремени, планирате бременост или доите, пред да почнете да го земате лекот, посоветувајте се со својот лекар или фармацевт. Земање/употреба на други медицински производи: Pantenol so vitamin C /Пантенол со витамин Ц можат да се користат како додаток на антибиотската терапија кај локалните воспалителни процеси на усната шуплина. Не смее да се надмине препорачаната дневна доза. Граничниот производ не може да се користи како замена за разновидна исхрана. Да се чува на температура до 25°C во оргиналното пакување, на суво и темно место. Да се чува надвор од дофат на деца.