GALENIKA Пантенол + витамин Ц, 20 пастили
Опис на производот
Пантотенската киселина во ткивата влегува во состав на коензимот А, кој е потребен за метаболизмот на јаглените хидрати, масти, белковини и неутрализирање на штетното дејство на некои метаболички производи.
Витамин Ц во вода растворлив антиоксиданс, учествува во голем број на оксидо-редукциони процеси во организмот и во создавањето на колаген и други делови на сврзното ткиво. Овие процеси овозможуваат учество на пантотенската киселина и витаминот Ц во зачувување на правилното функционирање на здравата слузница и обновувањето на слузницата на устата, грлото, јазикот и непцата.
Пантенол со витамин Ц пастилите се употребуваат за ублажување на потешкотиите настанати после помали повреди или изгореници како и за стимулирање на регенерацијата на слузницата на усната шуплина, грлото, јазикот и непцата при надразнување од различно потекло (тутунски дим, смог).
Пастилите можат да бидат додаток на антибиотска терапија кај локалните воспалителни процеси на усната шуплина.
Пакување: 20 пастили
Содржина
Состав: една пастила содржи:
1 пастила содржи: | %НРВ* | 100 г | |
Пантотенска киселина (калциум Д пантотенат) | 30 мг | 500 | 3.3 г |
Витамин Ц (Л-аскорбинска киселина) | 50 мг | 63 | 5.6 г |
*%НРВ- нутритивна референтна вредност
Останати состојки: сахароза, засладувач: манитол, стабилизатори: поливинилпиролидон, Л-аскорбинска киселина, калциум Д-пантотенат, стабилизатор: магнезиум стеарат, пченкарен скроб, арома на лимон, малтодекстрин, боја: Е172, антиоксиданс: винска киселина.
Употреба:
Возрасни и деца над 12 години: 1 пастила еднаш дневно, постепено да се растопи во уста.
Не смее да се надмине препорачаната дневна доза.
Прекумерната употреба може да предизвика лаксативен ефект.