GALENIKA VITUP Беби Д3, 30 twist off капсули

GALENIKA VITUP Беби Д3, 30 twist off капсули
258,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053093C
favorite_border

Опис на производот

VITUP D3 Baby содржи витамин Д3 во оптимална доза за употреба кај деца од 8-миот ден на живот до навршување на година дена за превенција на состојби предизвикани од недостаток на овој витамин кај новороденчиња.

Витаминот Д има значајна улога во здравиот развој на новороденчињата и децата, па се и потенцијално сериозни последиците по здравјето на децата во случај на негов недостаток. Витамин Д е битен за нормален раст и развој на коските и забите. Припаѓа на групата липосолубилни витамини. Се синтетизира по природен пат во кожата, каде под влијание на сончевите зраци од неактивен провитамин Д преминува во активен витамин Д3. Заедно со паратироидниот хормон допринесува за нормална апсорпција и го подобрува искористувањето на калциумот и фосфорот од дигестивниот тракт, па има улога во нормална минерализација на коските.

Витаминот Д3 учествува во процесот на клеточна делба, како и синтеза на протеини и контракција на мускули, па допринесува за нормално функционирање на мускулите. Поради недостаток на витамин Д3 може да дојде до деминерализација на коските и заболување кое се нарекува рахитис. Рахитисот опфаќа група заболувања кај кои постои нарушување на минерализацијата (вградување на калциум и фосфор) во рскавицата и коските кои растат. Како последица се јавува отекување на рскавичното и коскеното ткиво што создава карактеристични задебелувања на типичните места. Коските стануваат меки и доаѓа до развој на кревки и кршливи коски.

Превенција: кај сите новороденчиња се препишува примена на витамин Д3 во дневна доза од 400 ИЕ (10 мкг) од втората недела по раѓањето до првата година. Од првата година на живот до крајот на пубертетот се препорачува примена во зимските месеци. VITUP D3 Baby обезбедува препорачана доза на витамин Д3 (400 ИЕ) неопходна за здрав развој на новороденчиња и доенчиња и на тој начин помага во нормалниот раст и развој на коските и забите.

Пакување: 30 twist-off капсули

Содржина

Состав: една капсула содржи:

    %НРВ*
Витамин Д3  10 мкг (400 ИЕ) 200

*%НРВ - нутритивна референтна вредност

Состојки: маслиново масло, капсула-желатин, згуснувач: глицерол, вода, антиоксиданс: екстракт богат со токофероли, холекалциферол.

Употреба: 1 twist-off капсула дневно, од 8-миот ден до навршување на една година.

Горниот дел од капсулата свртете го, повлечете и отстранете. притиснете ја капсулата и содржината од капсулата истиснете ја директно во устата на бебето, на лажичка или помешајте ја со млеко.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се