GARNIER Olia Боја за коса – нијанса 8.0 (Blonde)
Опис на производот
Garnier Olia Permanent Hair Color No Ammonia Blonde No 8.0 Боја за коса.
Трајна боја, со систем на боење на база на масла овозможува бојата да продре длабоко во влакното на косата за интензивна и долготрајна боја.
- Без амонијак
- Со пријатен цветен мирис
- 60% масла (природни цветни масла)
- Максимален перформанс на боја
- Покрива до 100% седи влакна
- Интензивна, долготрајна боја
- Видливо го подобрува квалитетот на косата
- Косата е измазнета и до 3 пати посјајна***
- Балсам по боењето без силикони
- Веганска формула**
Единствено искуство при боење на косата. Оптимално пријатна за скалпот, кадифена крема што не тече, со нежен цветен мирис , за коса природна на допир.
**Без состојки од животинско потекло или нуспроизводи.
***Инструментален тест.
Пакување: 1 пар ракавици, упатство за употреба, 1 шише со развивач на боја 60 г, 1 туба со крема за боење 60 г, 1 туба со балсам за нега на косата после боење 54 мл.
Содржина
Упатство за употреба:
- Ставете пешкир на рамената и отворете го шишето за нанесување боја во кое веќе се наоѓа развивачот на бојата
- Отворете ја кремата за боење и отстранете го пластичниот прстен. Потоа затворете и повторно отворете
- Истиснете ја кремата за боење во шишето за нанесување боја
- Затворете го врвот на апликаторот и протресете 30 секунди за да добиете целосно изедначена смеса
- Веднаш одвртете го врвот на апликаторот за да не дојде до пукање и оштетување поради прелевање на производот
- Започнете со нанесување на смесата на коренот на сува неизмиена коса
- Останатата смеса нанесете ја по должина на косата и на краевите. Вмасирајте ја смесата на косата и натапкајте на коренот. Оставете да делува 30 минути
- Темелно исплакнете ја косата додека водата не стане бистра. Потоа нанесете шампон, па повторно исплакнете
- Нанесете од балсамот за свиленкасто мазна и мека коса и оставете да делува 3 минути
- На крај темелно исплакнете ја косата
Ако имате посветли прамени прво нанесете на коренот и оставете да делува 20 минути. Потоа провлечете ја смесата надоле по должина на косата до краевите и оставете да делува уште 10 минути.
Мерки на претпазливост: Боите за коса може да предизвикаат сериозни алергиски реакции. Привремените тетоважи со црна кна може да го зголемат ризикот од алергија. Овој производ не е наменет за употреба кај лица помлади од 16 години.
Прочитајте ги и следете ги упатствата.
Не ја бојадисувајте косата ако: имате осип на лицето или чувствителен, иритиран и оштетен скалп, ако веќе сте имале каква било реакција по боење на косата, претходно сте имале реакција на привремена тетоважа со „црна кана“.
Задолжително направете тест за предупредување на алергија 48 часа пред секое боење на косата, дури и ако претходно сте користеле производи за боење на коса.
Не заборавајте да го купите производот 48 часа однапред. Во случај на каква било реакција или доколку имате сомнеж, консултирајте се со лекар пред употреба на кој било производ за боење на коса.
Тест на осетливост (алергија): Припремете мала смеса за боење при тоа не користете метални материјали. Со помош на стапче за уши нанесете мала количина колку зрно грашак од смесата за боење на мал дел (2x2 цм) на внатрешната страна од вашата подлактица. Оставете ја смесата на кожата околу 45 минути, без покривање или допирање, внимавајте да не дојде во допир со облеката. После 45 минути исплакнете ја кожата со вода и избришете. Ако приметите било каква промена на кожата како чешање, црвенило, оток во текот на процесот или во следните 48 часа, веднаш исплакнете, не го користете производот и советувајте се со лекар.
Посебни мерки на претпазливост: Доколку во текот на нанесување на бојата се појави интензивно пецкање, иритација, мозолчиња или чувство како да Ви "гори"скалпот веднаш измијте ја косата и прекинете со нанесување. Во случај на отежнато дишење веднаш побарајте помош од лекар. Пред повторно нанесување советувејте се со вашиот лекар. Ако после неколку дена од нанесувањето се појави чешање, црвенило, пликови, отекување на очите или лицето исто побарајте совет од лекар.
Внимание: "Развивачот на боја" содржи водород пероксид. Бојата за коса соджи Fenilendiamine (Toluendiamine). Користете ги соодветните ракавици кои се наоѓаат во кутијата. Избегнувајте контакт на производот со очите. Не го користете за боење на трепките и веѓите. Во случај да дојде до контакт со очите веднаш измијте ги со вода. Ако носите контактни леќи првин извадете ги па темелно измијте ги очите. Носете ги соодветните ракавици кои се наоѓаат во кутијата. Не користете на брада, бркови или за било каква друга намена освен за боење на коса.
Смесата за боење припремете ја и изнесувајте ја по можност во добро проветрена просторија. Производот не го вдишувајте или јадете. Почекајте 15 дена доколку сте ја ваделе бојата на косата, сте ја исправувале или сте правеле трајна. Не користете доколку косата сте ја обоиле со кна или друга прогресивна боја.
Да се чува вон дофат на деца.