GEROVITAL Farmec Ленти за депилација на тело, 14 ленти

GEROVITAL Farmec Ленти за депилација на тело, 14 ленти
219,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
045701C
favorite_border

Опис на производот

FARMEC® HAIR REMOVAL BODY WAX STRIPS

  • Ленти со восок за отстранување на влакна од телото
  • (7x2 ленти + 2 книжни марамчиња од алое вера за отстранување на восокот)
  • Екстракт од орхидеја
  • Дерматолошки тестирано
  • Долготрајни резултати до 4 недели
  • Едноставни за употреба

Farmec лентите со восок, со екстракт од орхидеја, ефикасно ги отстрануваат несаканите влакна и ја оставаат вашата кожа мазна и мека.

Пакување: 14 ленти

Содржина

Состав:

  • Восок: триетилен гликол розинат, хидрогенизиран полидициклопентадиен, микрокристален восок, екстракт од цветови на орхидеја, масло од сончогледово семе, парафинум ликвидум, ПЕГ-8 диолеат, полиетилен, CI 77891, CI 77007, CI 45410, парфем.
  • Кесичка со книжно марамче: парафинум ликвидум, екстракт од алое вера, глицин соја масло, парфем.

Употреба:

Нанесување на лентите: Кожата мора да биде чиста и сува, без иритации и траги од козметички производи. Загрејте ги лентите меѓу дланките додека восокот не омекне. Ако сакате да ги нанесете лентите на мали површини, исечете ги според саканата големина. Полека и внимателно одвојте ги лентите. Нанесете ја лентата во насока на раст на влакната, и со нежно масирање распределете го восокот по целата површина.

Отстранување на лентите: Додека ја растегнувате кожата со едната рака, користете ја другата рака за веднаш да ја отстраните лентата со остар потег во спротивна насока од растот на влакната; колку е побрзо отстранувањето, толку се подобри резултатите. Повторете, доколку е потребно. Лентите може да се користат до 4 пати. Кога го користите овој производ на чувствителни области како што се пазувите, препоните или лицето, не ставајте од восокот на истата површина два пати, за да се избегне иритација на кожата. На помеката кожа над горната усна, нанесете ја лентата во насока на раст на влакната, а потоа сторете го истото, но овој пат во спротивна насока. Со цел да се смири кожата, притиснете со раката или нанесете ладна облога на кожата веднаш по отстранувањето на лентата.

Чистење на остатокот од восокот: За совршен резултат и подобра заштита на кожата, нанесете книжно марамче за да го отстраните преостанатиот восок, и да ја омекнете кожата. Никогаш не го отстранувајте преостанатиот восок со вода, сапун или алкохол. Доколку е потребно, отстранете го со памучна вата натопена во масло.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се