GEROVITAL H3 Derma+ Хидратантен крем 24 часа, 50 мл

GEROVITAL H3 Derma+ Хидратантен крем 24 часа, 50 мл
679,00 ден.
5
Просек: 5 (1 мислење)
Бренд
Шифра
046624C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Активен хидратантен крем 24 часа

  • За непосредна и долготрајна хидратација
  • За дехидрирана и сува кожа
  • Дерматолошки тестирано 

Сувата и дехидрирана кожа е чувствителна кожа, на која и недостигаат липиди и вода. Овој крем е создаден да ја обнови хидролипидната бариера и да го урамнотежи недостигот од длабока хидратација кај сувата кожа, стимулирајќи ја способноста на клетките да ја задржат водата.

Активни состојки:

  • Церамидил - омега 3-6-9 ја обновува функцијата на бариерата на кожата, која станува похидрирана, поеластична и позатегната
  • Sepilift DPHP овозможува долготрајна хидратација на кожата, ги израмнува несовршеностите и брчките и ги тонизира ткивата
  • Акваксил ја оптимизира хидратацијата со зголемување на содржината на хијалуронска киселина, спречува дехидратација преку стимулирање на производството на керамиди и ја стимулира синтезата на протеини
  • Уреата се наоѓа во кожата како главна компонента на природниот фактор за хидратација. Уреата  ја подобрува способноста на клетките на кожата да ги изложат деловите што ја врзуваат водата, апсорбирајќи и задржувајќи голема количина на вода во ткивата. Исто така уреата може да ја забрза стапката на епителизација на епидермални лезии.

Пакување: 50 мл

Содржина

Состав: вода, уреа, глиерин, сквален, каприлик каприк триглицериди, масло од авокадо, цетераил глукозид, цетеарил алкохол, хидроксиетил акрилат/натриум, акрилоилдиметил таурат кополимер, ксилитилглукозид, дипалмитол хидроксипролин, шеа путер, глицерил стеарат, феноксиетанол, анхидроксилитол, токоферил ацетат, масло од семе од Plukenetia Volubilis, ксилитол, парфем, етилхексилглицерин, тетранатриум ЕДТА, сорбитан изостеарат, полисорбат 60, гликосфинолипиди, ВНА, полиглицерил-5 олеат, фосфолипиди, токоферол, хидрогенизирани палмини глицериди цитрат, токоферил ацетат, холестерол, натриум хидроксид.

Употреба: се нанесува наутро и навечер на лицето, вратот и деколтето, на чиста кожа без шминка.

Мислења на потрошувачи

kitanovska.viki
5
Одлична крема за сува, дехидрирана кожа без сјај. Ја враќа влажноста на кожата и ја потхранува.
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се