GEROVITAL H3 Evolution Ампули со хијалуронска киселина, 10 ампули по 2 мл

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје
Опис на производот
Ампули од хијалуронска киселина
- Дерматолошки тестирано
- 10 дневен третман
- Интензивно хидрирана кожа
Ампулите содржат серум богат со Superoxide Dismutase и чиста хијалуронска киселина, со интензивно хидратантно дејство за измазнување на брчките. Чистата хијалуронска киселина има интензивно хидратантен ефект и двојно дејство: ги обновува резервите со вода на кожата и ja намалува трансепидермалната загуба на вода. Липозомите со хијалуронска киселина навлегуваат во кожата и ги пополнуваат брчките одвнатре, значително намалувајќи ја нивната понатамошна појава. Ефектот против стареење е подобрен со ензимот Superoxide Dismutase кој игра заштитна улога за колагенот и еластинот.
Дејство: со редовна употреба видно се намалува појавата на длабоки брчки.
Пакување: 10 ампули по 2 мл
Содржина
Употреба: содржината на ампулата истурете ја во дланката и нанесете ја на чиста кожа со нежна масажа. Целата содржина на ампулата е наменета за една употреба. Ампулите се нанесуваат наутро или навечер во сесии од десет дневен третман. За долготрајни ефекти, применувајте го овој третман секој месец.
Состав: вода, пентилен гликол, глицерин, натриум хијалуронат, екстракт од Chondrus crispus, феноксиетанол, глицерил лаурат, супероксид дисмутаза, пропанедиол, лецитин, карбомер, ППГ-26-бутет-26, ПЕГ-40 хидрогенирано рицинусово масло, трометамин.
Да се чува на температура 15-25°С.
Да се избегнува контакт со очи! Само за надворешна употреба!