GOOD NATURE Коњско опавче чај, 100 г

GOOD NATURE Коњско опавче чај, 100 г
93,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
034238C
favorite_border

Опис на производот

Коњското опавче е познат диуретик, дејство кое се должи на присуството на сапонозидите. Незаменлив и непроценлив е кога станува збор за крварења, воспаленија, камен и песок во бубрезите и при сите нарушувања на функцијата на урогенителниот тракт. При воспаленија на уринарните патишта се препорачува комбинација на коњско опавче со лист од бреза, жалфија и лист од мечкино грозје.

Надземниот дел од коњското опавче благопријатно делува и за подобрување на симптомите на гихт и подагра, за леукореја (зголемен вагинален секрет), како и за подобро варење на храната и против гасови (во комбинација со мајчина душица, пелин, лист од нане и анасон).

Нето-тежина: 100 г

Коњското опавче е жилав и отпорен плевел којшто расте на влажни места. Билката е висока околу 20-40 цм и со својот изглед потсетува на бор или на елка. Иглестите и долги листови се подредени на повеќекатни прешлени околу стеблото. Стебленцето е витко и шупливо. Од надворешната страна стеблото е избраздено, грубо, остро и карактеристично членесто. Активен дел од растението е целиот надземен дел (Equiseti herba).

Од хемискиот состав, како најважни ќе ги издвоиме сапонините – еквизетонин, кој се раствора во вода, потоа содржи аконитна, јаболчна и оксална киселина, смоли, танини, флавонски хетерозиди, витамин C, каротеноиди и горчливи супстанции.

Содржина

Оваа билка влегува во состав на многу диуретични чаеви, најчесто во комбинација со лист од бреза, троскот и ситница.

Свежо подготвениот чај се препорачува да се пие неколку пати на ден, незасладен. Максималната дневна доза е 1 л чај, во времетраење од три недели.

Исто така, може да се користи и во комбинација со бела имела, глог, шипка, валеријана и маточина како мешавина која го помага намалувањето на крвниот притисок. Присуството на коњското опавче во оваа мешавина го помага излачувањето на вишокот течности од организмот. Мешавина од коњско опавче, глог и имела поволно дејствува и кај артериосклероза.

Кај пациентите со хронично заболување на бубрезите со хипертонија се препорачува мешавина од коњско опавче, лист од бреза и имела.

Употреба: три супени лажица од оваа смеса се прелеваат со 500 мл зовриена вода, се вари 10 минути и се пие во текот на денот поделено во 5 дози.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се