GOOD NATURE Уве микс филтер чај, 20 кесички

Опис на производот
Чај за олеснување на тегобите при воспаление на уринарни патишта.
Чајот е мешавина на лист од мечкино грозје, килавица, коњско опавче, лист од бреза, корен од зајчев трн и плод од шипка.
Листот од мечкино грозје ја поддржува нормалната функција на уринарниот систем. Поддржувајќи ја екскреторната функција на бубрезите, го нормализира уринарниот проток. Коњското опавче и листот од бреза помагаат во елиминација на вода преку бубрезите и преку уринарниот тракт. Плодот од шипка и коренот од зајчев трн придонесуваат за нормална функција на бубрезите и мочниот меур.
Нето-тежина: 20 х 1.5 г
Содржина
Се препорачува долготрајна употреба на чајната мешавина „Уве-микс“ (2 до 3 недели) и тоа секогаш свежо приготвен и незасладен, во количини од 500 мл до 1000 мл чај дневно.
Чајот се препорачува да се пие и по исчезнување на симптомите на уринарно воспаление. Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата, а за дополнителни информации консултирајте се со својот лекар или фармацевт.