GOOD NATURE Врболика за простата чај, 100 г

GOOD NATURE Врболика за простата чај, 100 г
154,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
031059C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Чајниот напиток подготвен од ова растение (попарок), поради антиоксидативното и противоспалителното дејство поволно дејствува при воспаленија на уринарните патишта, умерени нарушувања на мокрењето, поврзани со бенигна хиперплазија на простата и иритиран мочен меур.

Хербален чај за орална употреба се подготвува со попарување на една супена лажица иситнета билна супстанција со 250 мл свежо зовриена вода. По попарувањето се остава да отстои 10-15 минути во покриен сад. Свежо приготвениот чај (инфуз) се пие два до три пати во текот на денот, пред оброк. Редовната употреба на овој чај доведува до значително олеснување на симптомите при бенигна хипертрофија на простатата, патолошко зголемување на простатата или инфламации како ноктуриа, често деноноќно мокрење, недостаток од комплетно празнeње на мочниот меур и слично.

Нето-тежина: 100 г

Ситноцветната врболика или ситноцветната млечика (Epilobium parviflorum) е повеќегодишно зелјесто растение од фамилијата Onagraceae. Ова растение просечно достигнува 30-80 сm висина. Стеблото е исправено и густо покриено со влакненца, особено во долниот дел. Листовите се поставени еден наспроти друг, тесни и назабени, заоблени во основата, 4-10 сm долги. Малите цветови се бледо розови или бледо виолетови, со пречник од 6-7 mm, со четири ливчиња, осум прашници и четирикрака чашка. Цветниот период е од јуни до август. Плодот е капсула долга 3-7 сm, којашто содржи многу мало црно семе, со бели влакненца, со чија помош се расејува со ветрот. Овој вид е многу сличен со Epilobium hirsutism, но цветовите се многу помали. Билката се препознава по цветчињата.

Се собира целиот надземен дел од растението, со листовите и со цветовите (Epilobii herba).

Ситноцветната млечика или врболика има богат хемиско фармакопејски состав. Најважни компоненти во надземниот дел на оваа билка се: танини, флавоноиди (камферол, кверцетин, мирцетин), деривати на фенолни киселини, стероиди, тритерпени, линоленска, палмитинска, арахноидална киселина.

Медицинската употреба на надземните делови на Epilobium angustifolium и Epilobium parviflorum станува многу популарна во народната медицина во неколку европски земји за подобрување на состојбата кај бенигна хиперплазија на простатата, како и при воспаленија уринарниот систем (на мочниот меур или бубрезите).

Базирано на достапните литературни референци, и со оглед на легалните потреби од традиционални билни производи за оваа индикација, ситноцветната млечика се препорачува за олеснување на симптомите на воспаление на долниот уринарен тракт поврзани со бенигна хиперплазија на простатата.

Оралната администрација на билниот чај од Epilobium angustifolium и/или Epilobium parviflorum се смета за безбедна во традиционално користени и препорачани дози.

Специфични предупредувања и мерки на претпазливост: Доколку се појават симптоми како треска, спазми, крв во урина, болно мокрење или уринарна ретенција за време на користење на билниот чај, неопходна е консултација со лекар. Интеракција со други лекови или други форми на интеракција со лекови од клинички испитувања и студии досега не се пријавени.

Освен како еднокомпонентен чај, врболиката се препорачува и во комбинација со други лековити билки со синергистично делување. Билната мешавина којашто во својот состав содржи врболика, лист од мечкино грозје, лист од бреза, коњско опавче, килавица, корен од гавез, коса од пченка, грчко семе и корен од коприва помага за подобрување на симптоми од воспаление на простата. Поволно делува кај лица со хроничен простатит, бактериски простатит и потешкотии при мокрењето.

Содржина

Употреба: една супена лажичка од содржината во кесичката се прелива со 250 мл свежо зовриена вода и се остава да отстои 10-15 минути во покриен сад. Повремено се промешува, па се процедува. Свежо приготвениот чај се пие пред оброк, засладен по желба.

Свежо подготвениот чај се пие три до четири пати на ден. Доколку не е поинаку препишано, се препорачува долготрајно користење на чајот.

Специфични предупредувања и мерки на претпазливост:

Доколку се појават симптоми како треска, спазми, крв во урина, болно мокрење или уринарна ретенција за време на користење на билниот чај, неопходна е консултација со лекар. Интеракција со други лекови или други форми на интеракција со лекови од клинички испитувања и студии досега не се пријавени.

Освен како еднокомпонентен чај, врболиката се препорачува и во комбинација со други лековити билки со синергистично делување. Билната мешавина којашто во својот состав содржи врболика, лист од мечкино грозје, лист од бреза, коњско опавче, килавица, корен од гавез, коса од пченка, грчко семе и корен од коприва помага за подобрување на симптоми од воспаление на простата. Поволно делува кај лица со хроничен простатит, бактериски простатит и потешкотии при мокрењето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се