GOODWILL Esoxx One Кесички, 20 кесички по 10 мл
Опис на производот
Esoxx One е медицинско средство со механичко дејство коe промовира брзо подобрување на симптомите поврзани со гастроезофагеален рефлукс, како што се: горушица, епигастрична болка, киселински рефлукс, иритативна кашлица и дисфонија.
Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) се карактеризира со симптоми (горушица, киселински рефлукс, иритативна кашлица и дисфонија) кои можат, но не мора да бидат поврзани со ерозивни воспалителни лезии на слузницата на хранопроводникот. Во принцип, ГЕРБ се влошува во лежечка позиција и затоа симптомите повеќе се чувствуваат ноќе.
Пакување: 20 кесички
Содржина
Состав: хијалуронска киселина, хондроитин сулфат, поливинилпиролидон, ксилитол C, натриум бензоат, калиум сорбат, ароми, деминерализирана вода, полоксамер 407.
Дозирање и начин на употреба: една кесичка (пакетчиња со единечна доза) после главните оброци и пред спиење, или според медицинските совети.
Контраиндикации: нема специфични контраиндикации, освен случаите на пречувствителност на некоја од состојките на производот. Во вакви околности, лекувањето треба да се прекине и да следува консултација со вашиот лекар.
Иако нема познати несакани дејства, овој производ не треба да се користи во тек на бременоста или во првите месеци од доење. Во секој случај, прво треба да се консултирате со вашиот лекар. Нема познати интеракции со други орални производи.
Предупредување: Не ја надминувајте препорачаната доза. Доколку симптомите продолжат, консултирајте се со вашиот
лекар.