Гумени вегански мечиња
Состојки:
За безбојни гумени мечиња
-1 шојла сок од јаболко
- 2 супени лажици сируп од агаве
- 2 супени лажици агар агар во прав
Зелени гумени мечиња
- Прстофат спанаќ
- 1 шолја сок од јаболко
- 2 супени лажици сируп од агаве
- 2 супени лажици агар агар во прав
Портокалови гумени мечиња
- Лупен портокал
- 1 шолја сок од јаболко
- 2 супени лажици сируп од агаве
- 2 супени лажици агар агар во прав
Виолетови/црвени гумени мечиња
- ½ шолја боровинки
- 1 шолја сок од јаболко
- 2 супени лажици сируп од агаве
- 2 супени лажици агар агар во прав
Подготовка:
1. Најпрво ставете ги калапчињата кои ќе ги користите во фрижидер, за да можат бонбоните да се наместат побрзо.
2. Измешајте ги овошјата/зеленчуците со сокот од јаболка во блендер додека не се добие мазна смеса.
3. Со цедалка и со притискање со лажицата исцедете го целиот сок од смесата.
4. Во мал сад измешајте ја исцедената течност заедно со агавето и агар агарот.
5. Ставете ја смесата да се вари со постојано мешање додека не зоврие. Мешајте упорно за да не се создадат грутки.
6. Тргнете ја мешавината од оган и оставете ја да се олади. Потоа, со помош на капалка исполнете ги калапите со течноста и ставете ги во фрижидер околу 30 минути до 1 час.
7. Извадете ги бонбоните од калапчињата и уживајте!