HALEON Фенистил гел, 30 г
Опис на производот
Haleon Фенистил гел.
- Fenistil гел содржи активна супстанција која припаѓа на групата антихистаминици
- Може да се употребува за ублажување на чешање, блокирање на дејството на хистамин, супстанција која се ослободува во организмот за време на алергиска реакција која се јавува при:
- Кожен осип, уртикарија
- Убоди од инсекти
- Изгореници од сонце
- Површински изгореници
Пакување: 30 г.
Содржина
Состав:
Активна супстанција: диметинден малеат. 1 г гел содржи 1 мг диметинден малеат.
Други состојки (екципиенси) се: бензалкониум хлорид, динатриум едетат, карбомер, пропилен гликол, натриум хидроксид (Е524) и прочистена вода.
Употреба: Фенистил гелот користете го секогаш на начин како Вашиот доктор Ви објаснил. Доколку не сте сигурни, проверете со Вашиот лекар или фармацевт.
Возрасни и деца постари од 2 години: гелот Фенистил се нанесува во тенок слој 2 до 4 пати на ден на зафатените делови од кожата и лесно се втрива. Кај деца помали од две години лекот се користи само доколку е препорачан од лекар.
Доколку Вие или Вашето дете случајно проголтате од лекот, веднаш обратете се кај Вашиот лекар.
Лекот употребувајте го на начин како што е наведено во ова упатство или како што Ви објаснил Вашиот доктор. Доколку имате дополнителни прашања во врска со употребата на лекот, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт.
Предупредување: не употребувајте Фенистил доколку: сте алергични на диметинден малеат или на било која помошна супстанција од овој лек, имате позната алергија на убод од инсект. Фенистил гел не смее да се применува на отворени или воспалени рани, во случај на заболувања кои предизвикуваат влажни рани на кожата, на мукозните мембрани или во близина на очите, посебно кај доенчиња и мали деца. Доколу нешто од наведеното се однесува на Вас не употребувајте Фенистил гел. Кај деца помали од две години Фенистил гел се користи само ако е пропишан од лекар. Фенистил гел не смее да се употребува на голема површина на кожата, посебно кај бебиња и мали деца со оштетена и воспалена кожа. Третираните делови од телото не ги изложувајте долго на сонце. Обратете се кај Вашиот лекар во случај на јако чешање или големи лезии. Обратете се кај Вашиот лекар во случај кога симптомите траат подолго од 7 дена. Информирајте го својот лекар или фармацевт доколку: боледувате од други болест, сте алергични на некои лекови, нанесувате на кожата некои други лекови (вклучувајќи и такви кои можат да се набават без лекарски рецепт).
За време на бременоста и доењето, Фенистил гел треба да се применува со внимание и да не се нанесува на големи површини од кожата, ниту на оштетена или воспалена кожа. Не нанесувајте Фенистил гел на брадавиците доколку доите бебе.
Да се чува на температура до 25°C. Лекот да се чува на места недостапни за деца.