HANKINATUKKU-OY Картимаре МСМ, 80 капсули

HANKINATUKKU-OY Картимаре МСМ, 80 капсули
1.199,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
017052C
favorite_border

Опис на производот

Картимаре МСМ претставува додаток во исхраната и идеално избалансирана природна формула која ја хармонизира функцијата на мускулно-скелетниот систем. 
Содржи високо вредни активни компоненти: 
Екстракт од Новозеландска зеленоусна школка (Perna Canaliculus) со висок процент на омега-3 масни киселини и е природен извор на глукозамин и хондроитин сулфат. Токму поради консумирање на оваа школка, кај Маорите - староседелци на Нов Зеланд е забележана најниска стапка на артрозни болести во светот.

Ефикасно ги спречува воспалителните процеси преку инхибирање на ензимот (COX) cyclo-oxigenaza, кој има улога во создавањето на инфламаторните простагландини.
Содржината на glycosaminoglycan во екстрактот на новозеландската зеленоусна школка е исклучително важнa, бидејќи овие полисахариди се користат во организмот за биосинтеза на протеогликани. Протеогликаните имаат афинитет кон молекулите на вода во зглобовите со кои се врзуваат и формираат големи молекули кои го исполнуваат просторот во зглобовите. Задачата на овие големи комбинирани молекули е да делуваат како шок абсорбенти и лубриканти во зглобот.

Рскавица од ајкула поседува силен имуностимулативен потенцијал со што ги штити клетките од дегенерација и мутагенеза. МСМ содржи органски врзан сулфур, кој е составна компонента на протеините од кои се изградени коските, мускулите, тетивите и лигаментите и има моќ за активно зајакнување на имунитетот со силно антивоспалително дејство, со што го забрзува процесот на излекување.

Пакување: 80 капсули

Како повеќе-компонентен систем со силно синергистично делување препаратот Картимаре МСМ се карактеризира со силни антиинфламаторни способности, неопходни за неутрализирање на инфламаторната компонента. 
Секоја од овие активни компоненти делува на свој специфичен начин а нивната природна синергија дава одличен финален ефект- намалени болки, здрави коски и лесно подвижни зглобови.

Сето ова оди во комбинација со одлична хондропротективната активност која ги олеснува физич-ките ограничувања и потешкотиите при движење. 
Картимаре МСМ ја стимулира синтезата на хијалу-ронска киселина како витална компонента на синовијалната течност која пак е важен подмачкувач на зглобовите, го намалува спазамот, ја релаксира мускулатурата и ја ублажува болката. 

По терапија од неколку недели Картимаре МСМ обезбедува исклучително позитивни терапевтски ефекти за кои сведочат многубројните задоволни корисници- се намалува болката и комплетно се елиминира употребата на аналгетици, се губат отоците и воспаленијата, се подобрува подмачкувањето во зглобовите и се олеснува нивната подвижност. 

Содржина

Употреба: Картимаре МСМ треба да се користи редовно, континуирано со дневна доза од 2 x 2 капсули (минимум 3 месеци ), а потоа подолг период со 2 капсули наутро без несакани ефекти и контраиндикации.
 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се