HEMOFARM Хепатромбин 300 ИЕ гел, 40 г

HEMOFARM Хепатромбин 300 ИЕ гел, 40 г
128,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
000270C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Хепатромбин 300 ИЕ гел, делува така што влијае на процесот на коагулација на крвта. 

Се користи за
Лекување на воспаленија на површинските вени (површински тромбофлебитис) и олеснување на тегобите (болка и оток) кај промени на кожата како што се модрици и хематоми (крвни подливи). 
Лекот е наменет само за надворешна употреба.

Пакување: 40 г

Содржина

Состав: во 1 грам активна супстанца:

Хепарин-натриум 300ИЕ

 

Помошни супстанции: алантоин, декспантенол, динатриум-едетат, етерично масло од лимон, изопропилалкохол, карбомер 940: масло од црн бор, левоментол, полисорбат 80, макрогол 6 глицерол каприлокарпат, сорбитол течен-некристализирачки, троламин, вода прочистена.

Начин на употреба:
Секогаш употребувајте го овој лек точно онака како што е наведено во ова упатство или како што ви препорачал вашиот лекар или фармацевт. 
Лекот се употребува локално, со нанесување на кожата.
Дозирање: гелот се нанесува во тенок слој на заболеното место, 2 до 3 пати на ден.

Хепатромбин 300 ИЕ гел, не смеете да го употребувате

  • Ако сте алергични (преосетливи) на хепарин или било која од помошните состојки на овој лек 
  • Ако имате актуелна или во анамнезата присутна тромбоцитопенија (тип II) од имунолошко потекло, предизвикана од хепарин
  • Лекот не се користи кај деца помали од 5 години

Бременост, доење и плодност
Доколку сте бремени или ако доите, мислите дека можеби сте бремени или планирате да забремените, обратете се на вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек.
Нема податоци кои би укажувале дека Хепатромбин гел не смее да се употребува во текот на бременоста и периодот на доење. 

Да се чува на температура до 25° C.

После првото отварање, лекот се чува во затворена туба и може да се користи 12 месеци.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се