HEMOFARM Лаксомуцил прашок 20 кесички

HEMOFARM Лаксомуцил прашок 20 кесички
322,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
048244C
favorite_border

Опис на производот

Прашок за перорална течност, се препорачува при забавена перисталтика на цревата и отежнато празнење на цревата поради недоволно внесување на храна богата со диететски влакна, потоа при недоволно движење и занимавање со спорт, при спроведување на протеински редукциони диети, психичка напнатост, постоење на физиолошка атонија на цревата, која ее посебно честа во поодминати години од животот.

Пакување: 20 кесички

LAXOMUCIL® е граничен производ на база на диететски влакна од лушпите од семето на азиски тегавец (Plantago ovata). Со својата активност допринесува за правилно функционирање на дигестивниот тракт и за зачувување на добра состојба на организмот.

Што се диететски влакна?

Диететските влакна се нерастворливи јаглени хидрати од растително потекло. Имаат способност да врзуваат значителна количина вода, бабрат и формираат волуминозна слузнава маса. Бидејќи човековиот организам не е во можност да ги создава, диететските влакна за човекот не претставуваат извор на енергија неопходна за одвивање на физиолошките функции, но благодарејќи на физичките карактеристики се неопходни за стимулација на перисталтичките движења и апсорпција на штетните материи од содржината на цревата.

Содржина

Состав:

Активна компонента:

Прашок од лушпи од семе на Азиски тегавец (Plantago ovata). Една кесичка прашок за подготовка на перорална течност со пријатен вкус на портокал содржи 3.26 г прашок од лушпи од семе на Азиски тегавец (Plantago ovata). 

Laxomucil® не содржи шеќер. Слаткиот вкус потекнува од засладувачот сахарин- натриум.

Употреба:

Секогаш употребувајте Laxomucil® според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал Вашиот лекар.

Возрасни и деца над 12 годишна возраст: се препорачуваат 3 кесички на ден, во правилни временски интервали, независно од оброкот, до воспоставување на нормална работа на цревата. По воспоставување на нормалното празнење на цревата, количината може да се намали на 1 до 2 кесички на ден.

Деца на возраст од 6 до 12 години: во случај на потреба кај децата на возраст од 6 до 12 години може да се даде половина од дозата за возрасни.

Содржината од кесичката се истура во чаша, се прелива со 200 мл вода, се разматува и веднаш се пие. Препорачливо е по земањето на LAXOMUCIL® да се испие чаша вода, како и да се зголеми вкупниот дневен внес на вода.

Бременост и доење: советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек или граничен производ ако сте бремени, мислите дека сте бремени или планирате бременост.

LAXOMUCIL може да се употребува во текот на бременоста и периодот на доење ако е неопходен и ако претходно не се постигне ефект со промена на режимот на исхраната.

Како и сите медицински производи и LAXOMUCIL® прашокот за перорална течност може да има несакани дејства, иако истите не се јавуваат кај сите пациенти.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се