HEMOFARM Марисимо беби спреј за нос, 125 мл
Опис на производот
Изотоничен раствор за нос во спреј, кој може да се употребува од првите денови од животот (0,9%).
Спрејот за нос Marissimo® Baby е спреј за плакнење на носот којшто не содржи лек, ниту конзерванси, продира длабоко при плакнење на носната празнина и може да се применува кај деца, од раѓањето. Спрејот дејствува така што ја разредува слузта и ги плакне надворешните честички, како што се прав, полен и алергени. Потпомага во одзатнување на носот и ја обновува природната функција на дишните патишта.
Спрејот за нос Marissimo® Baby не создава зависност и може да се употребува заедно со другите лекови.
Се случува лицата кои често страдаат од кивавица и воспаление на синусите да откријат дека редовната примена на овие спрејови може да придонесе до намалена употреба на лековите.
Намена:
Спреј за плакнење нос којшто служи за ублажување отоци на слузокожата во носот при воспаление на синусите, затнат нос, поленска алергија и други алергии.
Пакување: 125 мл
Содржина
Состав: природна морска вода, разблажена со пречистена вода до физиолошко ниво (0,9%).
Начин на употреба:
Кај бебиња:
- Поставете го бебето на грб, во стабилна положба
- Свртете ја главата на бебето на страна и внимателно вовлечете го додатокот за нос во горната носница. Притиснете го кратко додатокот за нос. Повторете ја истата постапка и со другата носница, со тоа што главата на бебето свртете ја на другата страна
- Избришете со хартиено марамче
- Додатокот за нос исчистете го со вода и сапун, исплакнете и исушете
- Кај деца од навршени 6 месеци
- Држете го спрејот под кој било агол, внимателно навлечете го додатокот за нос прво во едната, па во другата носница и држете го притиснат 1-2 секунди
Предупредување:
- Доколку повеќе од едно лице го користи ова средство, може да дојде до ширење на инфекции. Исчистете го додатокот за нос со вода и сапун и исплакнете го со врела вода по секоја употреба
- Кај деца помлади од 6 месеци, примената треба да биде строго препорачана и под надзор
- Никогаш немојте да ја наклонувате главата на бебето наназад, за секретот да не се слева во грлото
- Шишенцето е под притисок. Во случај на загревање, може да дојде до пукање на шишето
- Да се чува подалеку од извор на топлина, врели површини, искра, отворен пламен и други извори на палење. Не пушете
- Немојте да го продупчувате или спалувате шишенцето, дури и кога е празно.
- Заштитете го од сончева светлина
Производот не го изложувајте на температури повисоки од 50°C.
Да се чува надвор од дофат на деца.